Пол Арон Сколс (роден на во Олдам) — англиски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Сколс целата своја кариера ја поминал во екипата на Манчестер Јунајтед, за која играл во периодот 1994-2013. Како производ на академијата на црвените ѓаволи, Сколс го направил своето деби за Манчестер Јунајтед во сезоната 1994-1995 под водството на менаџерот Сер Алекс Фергусон. Оттогаш тој станал еден од најстандардните играчи и освоил 25 титули со клубот, вклучувајќи 11 титули во Премиер лигата и две титули во Лигата на шампионите. Во мај 2011 година, тој го најавил своето завршување на играчката кариера и ја преземал фунцијата тренер во резервниот тим, но во јануари 2012 се предомислил и се вратил во клубот играјќи уште околу година и половина до конечното пензионирање во мај 2013. Вкупно за Манчестер Јунајтед одиграл 718 натпревари, со кои денес се наоѓа на третото место по бројот на настапи за клубот.
Сколс ја претставувал англиската репрезентација од 1997 до 2004 година, забележувајќи 66 настапи и учествувал на две светски (во 1998 и 2002) и две европски првенства (2000 и 2004). Сколс го најавил своето повлекување од репрезентативниот фудбал во август 2004 година, наведувајќи ги како поважни семејниот живот и клупската кариера во Манчестер Јунајтед.
По завршувањето на играчката кариера, Сколс работел како менаџер во Олдам Атлетик и Солфорд Сити.
Технички одлики Се смета за еден од најсилните централни играчи за врска во неговата генерација, почестен меѓу многумина и од Зинедин Зидан (кој го смета за „најдобриот играч за врска на нивната генерација и најтешкиот противник со кои се соочил“) и од Чави (кој во 2011 година признал дека отсекогаш бил обожавател на англискиот играч за врска, сметајќи го за „најдобриот централен играч за врска во последните 15-20 години“) Сколс бил комплетен играч за врска и покрај тоа што страдал од астма, болест што го принудувала да пие аеросол пред секој натпревар. Сколс созревал во универзален, жилав и разноврсен плејмејкер, способен да игра на која било позиција во средниот ред, често наизменично помеѓу дефанзивните, напаѓачките, надворешните и плејмејкерските улоги, поради неговата издржливост, визија, тимска работа и чувството за позиција. Тој поседувал извонреден опсег на додавања и често иницирал опасни напади по освојувањето на поседот на топката.
Титули Манчестер Јунајтед Премиер лига : 11 1995–1996, 1996–1997, 1998–1999, 1999–2000, 2000–2001, 2002–2003, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009, 2010–2011, 2012–2013 ФА Куп : 3 1995–1996, 1998–1999, 2003–2004 Лига куп : 2 2008-2009, 2009-2010 ФА Комјунити Шилд : 5 1996, 1997, 2003, 2008, 2010 Лига на Шампиони : 2 1998-1999, 2007-2008 Интерконтинентален куп : 1 1999 Светско клупско првенство : 1 2008
Наводи
Надворешни врски
Пол Сколс на soccerway Пол Сколс на transfermarkt Пол Сколс на zerozero Пол Сколс на whoscored
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери од Премиер Лига