Стивен Клајн (англиски Steven Klein 1961) е американски моден фотограф кој моментално живее и работи во Њујорк. Клајн направил многу фотографии за рекламни кампањи за познати имиња како Кевин Клајн, Долче и Габана, Александер Мекквин и Најк, неговите фотографии редовно се појавуваат во многу списанија меѓу кои француското и американското издание на списанието Вог (англиски Vogue) и треба да се напомене дека ги овековечил ликовите на многу познати личности како Мадона, Том Форд и Бред Пит.

Клајн бил фотограф на албумот насловен Бритни (англ.Britney) на американската пејачка Бритни Спирс.

Имал самостојни изложби во Токио, Милано и Њујорк.

Надворешни врски Официјално мрежно место на фотографот Стивен Клајн (англиски) Фотографии на Стивен Клајн во Галеријата Стели Вајс(англиски) Стивен Клајн на арт.нет (англиски) Статија за Стивен Клајн во Њујорк Магазин (англиски)

Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Фотографија Категорија:Американски фотографи Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1965 година