Глицинот (со ознаки Gly или G) е алфа аминокиселина со хемиска формула NH2CH2COOH. Тоа е најмалата од 20 аминокиселини најдени како составни делови на белковините, кодирана со кодоните GGU, GGC, GGA и GGG. Глицинот е единствен меѓу белковинообразувачките аминокиселини по тоа што не е хирален. Повеќето белковини содржат само мали количини на глицин. Забележлив исклучок е колагенот, кој содржи околу 35% глицин. Во својата цврста, т.е. кристализиран облик, глицинот е супстанца со сладок вкус.
Добивање
Глицинот се добива по индустриски пат на два начина. Првиот е со реакција меѓу хлороводородна киселина и амонијак:
ClCH2COOH + 2 NH3 → H2NCH2COOH + NH4Cl
Вториот начин е со Штрекеровата синтеза на аминокиселини.
Биосинтеза
Глицинот не е есенцијална аминокиселина. Кај животните, тој се синтетизира од аминокиселината серин, која пак се добива од 3-фосфоглицератот. Кај повеќето организми, ензимот серин хидроксиметилтрансфераза ја катализира оваа претворба со отстранување на еден јаглероден атом; за ова е потребен и пиридоксал фосфат:
Серин + тетрахидрофолат → Глицин + N5,N10-Метилен тетрахидрофолат + H2O
Во црниот дроб на ‘рбетниците, синтезата на глицинот е катализирана со глицин синтаза (ензим кој уште се нарекува и раскинувач на глицин). Оваа претворба е повратна:
CO2 + NH4+ + N5,N10-Метилен тетрахидрофолат + NADH + H+ → Глицин + тетрахидрофолат + NAD+
Физиолошки улоги
Глицинот е градбен блок на многу природни супстанци. Кај вишите еукариоти, D-Аминолевулинска киселина, клучниот претходник во синтезата на порфирините, се биосинтетизира од глицинот и сукцинил-КоА. Глицинот е инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем, особено во ‘рбетниот мозок, мозочното стебло и мрежницата. Кога се активираат глицинските рецептори, хлоридот влегува во невроните преку јонотропните рецептори, предизвикувајќи инхибиторен постсинаптички потенцијал (ИПСП).
Литература
Категорија:Аминокиселини Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Протеиногени аминокиселини Категорија:Гликогени аминокиселини