Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУС) е официјална институција за култура и уметност на градот Скопје која егзистира уште од 1948 година, што ја вбројува во институциите со најдолга традиција во културата во Македонија.

Сегашен директор на дирекцијата (2008) е Никола ГеоргиевПочнува Скопско лето- Алсат М ТВ.

Дирекцијата за култура и уметност својот интерес го насочува кон сите области на творештвото: музиката, театарот, литературата, филмот, ликовната уметност, негувајќи ги преку сите достапни форми: концерти, претстави, издаваштво, изложби, семинари, работилници, мултимедијални презентации.Во оваа смисла, покрај наброените програми преку кои е претставено творештвото на домашните и странските автори, во портфолиото на Дирекцијата останува забележана сопствената продукција на драмски и балетски претстави, изложби на врвни домашни автори,издадени книги, носачи на звук и видео.

Настани на дирекцијата Покрај асоцијативната улога самостојно или во соработка со сродните институции Дирекцијата за култура и уметност на Скопје е иницијатор, основач и реализатор на значајни културни манифестации како што се Скопското лето, Блуз и соул фестивалот, Есенските музички свечености и Новогодишната програма.

Наводи

Надворешни врски Дирекција за култура и уметност на Скопје

Категорија:Дирекции на Република Македонија