Романтизам во шаховската уметност е шаховска книга, дело на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1959 и во неа преку анализа на извадоци од партии и неколку шаховски проблеми се објаснети елементите во шаховскта борба. Книгата е напишана на руски јазик.
За делото, самиот автор запишал:
Содржина Ова дело претставува одличен пример за љубовта кон шахот, неговата убавина и лукавост, искажани преку партии и извадоци од партии во кои со стандардни, технички методи јасно се одлучува победникот во борбата. Книгата е поделена во 8 глави.
Стил на пишување Како и сите дела на познатиот руски шаховски педагог, Петар Романовски, така и ова е напишано во висок стил и во читателот може да пробуди интерес во содржината и да го запознае со нови работи. Стандардна е употребата на дијаграми по неколку одиграни потези, или по завршувањето на една комбинација.
Надворепшни врски Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат
Категорија:Шаховски книги Категорија:Шахот во 1959 година Категорија:Книги од 1959 година