Беровско Езеро или Ратевско Езеро — вештачко езеро во Малешевијата, непосредно до селото Ратево, односно гратчето Берово чии имиња ги носи напоредно.
Географски одлики
Езерото се наоѓа по течението на Клепалска река, во непосредна близина на Берово, односно на 7 км оддалеченост. Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С.
Туризам
Поради поволната местоположба, чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети. Најголем е туристичкиот комплекс „Малешево“, потоа хотелот „Манастир“, кој има 40 кревети, и во „Ловниот дом“ во месноста Јуовец, кој располага само со десетина легла. Најнова градба е современиот туристички комплекс на туристичката агенција „Аурора“. Во атрактивните излетнички места Абланица и Суви Лаки може да се ноќева само во приватните вили и викендички.
Езерото во последно време преку проекти масовно го посетуваат организарани странски туристиУбавините на Малешевијата ги открија и Холанѓаните -Дневник.
Проекти и заштита
Поради големиот туристички развој на езерото од страна на локалната самоуправа Берово и владата на Република Македонија, обезбедена е проектна документација со која се дава техничко решение за прифаќање на фекални отпадни води со главен и секундарни колектори, како и техничко - технолошко решение за третман на отпадните води во пречистителна станица. Имено, покрај Беровското Езеро постојат изградени или се планираат да се изградат викендички од кои фекалната канализација се пушта слободно да тече по површината и истата понирајќи стигнува до водите на Беровско Езеро кои се користат за водоснабдување на Берово и околните села и за наводнување на земјоделски површиниПРОЕКТ - ЗА ЗАШТИТА НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО.
Галерија
Наводи
Надворешни врски За езерото Беровско Езеро портал „Малеш“
Туризам Вила Марија ciplakovakoliba.com hotelmanastir.com.mk berovsko-ezero.info
Категорија:Вештачки езера во Македонија Категорија:Малешевија Категорија:Географија на Берово