Комисијата за здравство на Република Македонија е собраноска комисија на Собранието на Република Македонија која има за цел разгледување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони, предлози на закони и други општи акти што ги донесува Собранието, за следење на извршувањето на актите на Собранието како и за проучување и претресување на други прашања од неговата надлежност. Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици. Моментален потпретседател (2008) е Оливер Деркоски.

Надлежности Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

здравствената заштита на населението; здравственото осигурување; заштитата на населението од заразни болести, од штетно влијание на гасовите, јонизирачките зрачења и бучавата, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните производи; заштитата од болестите на зависност и од СИДА; хигиенскоепидемиолошката состојба; производството, прометот и снабдувањето со лекови, помошните лековити средства и медицинските помагала, медицинска опрема, санитетски уреди и материјали, отрови и опојни дроги; санитарниот и здравствениот надзор и други прашања што се однесуваат на здравството.

Надворешни врски Комисијата за здравство на собраниското мрежно место

Категорија:Комисии на Собранието на Македонија