Џон Филип Ки (англ. John Phillip Key, р. 9 август 1961) — новозеландски политичар, пратеник, поранешен водач на Националната партија и Премиер на Нов Зеланд со парламентарните избори во 2008 г.http://www.electionresults.govt.nz/ .

Пред политичката кариера Ки е роден во Окленд, Нов Зеланд, во еврејско семејство на Џорџ и Рут Ки (мом. Лазар). Татко му починал од срцев удар во 1967 г. Ки и неговите две сестри израснале во социјален стан во Крајстчерч со нивната мајка, која била Еврејка, доселеник од Австрија.

Се школувал во Бернсајдското средно училиште, а во 1981 година дипломирал сметководство на Кантерберискиот универзитет . Посетувал и курсеви по менаџмент на универзитетот Харвард, иако таму не дипломирал.

За првпат се вработил во 1982 година како ревизор во фирмата МекКалох Мензис, а потоа работел две години како проектен менаџер во Лејн Вокер Радкин, фабрика за облека во Крајстчерч. Потоа Ки се вработил како девизен дилер во Елдерс Фајненс во Велингтон, а по две години работа се издигнал на функцијата главен девизен трговец. Во 1988 се вработил во оклендската фондација Бенкерс Траст.

Во 1995 се вработил во фирмата Мерил Линч како главен раководител за девизно работење со Азија во Сингапур. Истата година во фирмата бил унапреден во главен глобален раководител за девизна трговија сместена во Лондон, каде веројатно заработувал околу 2,25 милиони американски долари годишно, вклучувајќи бонуси. Некои колеги го нарекувале „насмеаниот ликвидатор“, бидејќи секогаш бил весел, иако отпуштал дузини (некои велат стотици) вработени по тешките загуби во Руската економска криза во 1998 година. Бил член на Комитет за девизна трговија на Њујоршката федерална банка на резерви од 1999 до 2001 година.

Во 2001 година, дознавајќи за неговиот интерес во политиката, претседателот на Новозеландската национална партија Џон Слејтер, заедно со тогашниот водач на партијата Џени Шипли, активно се заложил за да го придобие во партијата.

Ки ја запознал неговата сопруга Брона уште во средно училиште. Тие се венчале во 1984 година. Нејзината професија е исто така од сферата на трговијата, а работела како кадров консултант пред наполно да му се посвети на домаќинството. Имаат две деца, Стефи и Макс.

Политичка кариера Парл.Изб. единицаРангПартија47миХеленсвил43Национална48миХеленсвил7Национална49тиХеленсвил1Национална Хеленсвил Со порастот на населението во Окленд, посведочен од пописот од 2001 година, се јавила потребата за создавање на нова изборна единица Хеленсвил, која го покрива северозападниот дел од населената област на Окленд. Ки во предизборите го победил Брајан Нисон, кој веќе одамна ја држел таа функција. На изборите во 2002 Ки го добил местото со водство од 1,705 над Гери Расел од Лабуристичката партија, додека Нисон, кој сега се кандидирал како независен, бил дури трет. Ки со леснотија бил повторно избран на изборите во 2005, освојувајќи 63% од гласовите во Хеленсвил.

Портпарол за финансии Во 2004 година, Ки бил поставен на првата клупа на опозицијата од тогашниот водач д-р Дон Бреш и станал партиски портпарол за финансии. Кон крајот на 2006 година, Бреш дал оставка. Потоа Ки го наследил Бреш како водач на Националната партија.

водач на опозицијата Во неговиот прв говор како водач на 28 ноември 2006 година, Ки зборувал за „нижа класа“ во Нов Зеланд на која „ѝ било дозволено да се развие“, тема која добила големо внимание од медиумите. Ки во февруари 2007 го проследил овој говор со формулирање на програма за снабдување на храна во најсиромашните училишта во Нов Зеланд.

На 25 јули 2008 година, Ки за првпат бил ставен на списокот на богати личности на списанието Нејшнл бизнис ривју(National Business Review - NBR). На списокот се наведени најбогатите поединци и семејни групи во Нов Зеланд. Според проценките, Ки имал околу 50 милиони новозеландски долари.

Политички ставови Ки се прикажува себеси како повеќе центристички поставен отколку неговиот претходник Дон Бреш. Меѓутоа тој вели дека разликата е повеќе во стилот, отколку во било што друго. Иако умерен, Ки смета дека приватизацијата му помага на Нов Зеланд да се развива економски - став кој наидува на постојан отпор од противничката партија.

Од своја страна, Ки бележи разнолики гласови во парламентот: гласал против граѓански бракови, но учествувал во големиот блок на парламентарци кои гласале за поништување на законот кој го дефинира бракот како заедница на маж и жена. Ки гласал во неуспешниот обид за враќање на старосната граница за консумирање на алкохол од 18 на 20 години.

Верски ставови Ки не припаѓа на ниедна вероисповед, изјаснувајќи се дека не е посебен верник и дека не верува во задгробен живот, иако мајка му била Еврејка, што значи дека е Евреин по мајка. Tој е третиот премиер на Нов Зеланд со еврејско потекло (другите двајца се Џулиус Фогел и Френсис Бел).

Надворешни врски Англиски Ексклузивно видеоинтервју со новозеландскиот политичар Џон Ки на англиските Викивести Официјално мрежно место на Џон Ки Воведна статија, Новозеландски Хералд: Џон Ки - неополномоштена биографија

Македонски Со кој политички водач би сакале да го нахраните кучето? на он.нет

Наводи

Извори Избори 2002 - Хеленсвил Избори 2005 - Хеленсвил

Функции

Категорија:Луѓе од Окленд Категорија:Премиери на Нов Зеланд Категорија:Новозеландски политичари Категорија:Еврејски политичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Новозеландски Евреи Категорија:Родени во 1961 година