Ова е таблица на транскрипција на јапонскиот јазик во македонски заснована на Хепберновиот систем на романизација на јапонското писмо на англиски јазик. Таблицата ги претвора двете стандардни слоговни јапонски писма — хирагана и катакана — со нивната звучност согласно принципите на македонската фонологија. Адаптацијата на транскрипциониот систем е изработена водејќи се според фонологијата на јапонскиот јазик и изговорот на секој знак според меѓународната фонетска азбука (МФА).

Упатство Бидејќи јапонските писма се слоговни, некои согласки имаат по еден, а некои по два знака, зависно од должината. Тоа значи дека при барање на транскрипцијата на зборовите треба да се обрати внимание дали во зборот што треба да се транскрибира дадениот знак е спарен со друг или е сепак самостоен. Од ова може да зависи (и да се разликува) неговиот изговор.

Во карактерот на македонскиот правопис и правоговор, двојните букви не се пишуваат, дури и кога зборот е составен од повеќе слогови каде едниот завршува на истата буква на која следниот започнува. На пример, двојна согласка се јавува во позајмениот збор ヲッカ (wokka), каде македонското предавање ќе биде „вока“, а не „вокка“). Двојните самогласки исто така не се пишуваат, а должината на самогласките не се бележи.

Транскрипција на хирагана あ аい иう уえ еお о(ја)(ју)(јо)か каき киく куけ кеこ коきゃ кјаきゅ кјуきょ кјоさ саし шиす суせ сеそ соしゃ шаしゅ шуしょ шоた таち чиつ цуて теと тоちゃ чаちゅ чуちょ чоな наに ниぬ нуね неの ноにゃ њаにゅ њуにょ њоは хаひ хиふ фуへ хеほ хоひゃ хјаひゅ хјуひょ хјоま маみ миむ муめ меも моみゃ мјаみゅ мјуみょ мјоや ја ゆ ју よ јоら раり риる руれ реろ роりゃ рјаりゅ рјуりょ рјоわ ваゐ ви† ゑ ве†を во‡ ん нが гаぎ гиぐ гуげ геご гоぎゃ гјаぎゅ гјуぎょ гјоざ заじ џиず зуぜ зеぞ зоじゃ џаじゅ џуじょ џоだ даぢ (џи)づ (зу)で деど доぢゃ (џа)ぢゅ (џу)ぢょ (џо)ば баび биぶ буべ беぼ боびゃ бјаびゅ бјуびょ бјоぱ паぴ пиぷ пуぺ пеぽ поぴゃ пјаぴゅ пјуぴょ пјо

Транскрипција на стандардна катакана ア аイ иウ уエ еオ о(ја)(ју)(јо)カ каキ киク куケ кеコ коキャ кјаキュ кјуキョ кјоサ саシ шиス суセ сеソ соシャ шаシュ шуショ шоタ таチ чиツ цуテ теト тоチャ чаチュ чуチョ чоナ наニ ниヌ нуネ неノ ноニャ њаニュ њуニョ њоハ хаヒ хиフ фуヘ хеホ хоヒャ хјаヒュ хјуヒョ хјоマ маミ миム муメ меモ моミャ мјаミュ мјуミョ мјоヤ ја ユ ју ヨ јоラ раリ риル руレ реロ роリャ рјаリュ рјуリョ рјоワ ваヰ ви† ヱ ве†ヲ во‡ ン нガ гаギ гиグ гуゲ геゴ гоギャ гјаギュ гјуギョ гјоザ заジ џиズ зуゼ зеゾ зоジャ џаジュ џуジョ џоダ даヂ (џи)ヅ (зу)デ деド доヂャ (џа)ヂュ (џу)ヂョ (џо)バ баビ биブ буベ беボ боビャ бјаビュ бјуビョ бјоパ паピ пиプ пуペ пеポ поピャ пјаピュ пјуピョ пјо

Транскрипција на проширена катакана Овие знаци главно се користат за странски зборови кои содржат слогови кои не постојат во стандардната катакана. Речиси сите овие не се формално стандардизирани. イェ јеウィ виウェ веウォ воヷ ваヸ ви†ヹ ве†ヺ воヴァ ваヴィ виヴ вуヴェ веヴォ воシェ шеジェ џеチェ чеティ тиトゥ туテュ тјуディ диドゥ дуデュ дјуツァ цаツェ цеツォ цоファ фаフィ фиフェ феフォ фоフュ фју

† — Знаците со црвено се исфрлени од современата употреба. ‡ — Знакот ヲ во треба фонетски да се пишува o во современиот јапонски кога има улога на честица, а само понекогаш означува во кај некои заемки (како нестандардниот збор ヲッカ вокка — „вотка“). Загради — Знаците во загради се користат само кога се јавува рендаку (секвенцијално озвучување) на ち чи или つ цу.

Поврзано Јапонски јазик Јапонско писмо канџи хирагана катакана Хепбернов систем Фонологија на јапонскиот јазик Романизација на јапонскиот јазик („ромаџи“) Кирилизација на јапонскиот јазик (Поливанов руски систем)

Надворешни врски Вовед во првото издание на Хепберновиот речник — објаснение за романизацијата Вовед во третото издание на Хепберновиот речник — објаснение за романизацијата

Јапонски јазик Категорија:Јапонски јазик Јапонски јазик