Андреа Пирло (роден на ) — поранешен италијански фудбалер-освојувач на светско првенство. Неговата позиција е внатрешен играч за врска, но со своите квалитети при додавањата и разигрувањето на топката во својата половина може да се каже за него дека тој имал улога на изнесувач-плејмејкер и во Јувентус и во италијанската репрезентација.
Клупска кариера
1994-2001: Рани години Пирло ја започнал кариерата како офанзифен напаѓач во тимот од неговиот роден град Бреша, каде што подоцна и помогнал да ја освои Серија Б и со тоа да добие промоција во Серија А во 1997 година. Неговите ветувачки перформанси го довеле да се пресели во Интер во 1998 година. Со неговото доаѓање во Интер, тој се борел да се здобие со поголема минутажа во својот нов клуб, како и со големата конкуренција со другите играчи на својата позиција, а потоа беше испратен на позајмица во 1999 година. И покрај успешните позајмици со Реџина, и Бреша, Пирло сѐ уште не можел да се пробие во Интер во почетната постава, па затоа бил продаден на градските ривалитеМилан во 2001 година.
Милан Во Милано, менаџерот Карло Анчелоти одлучил да го префрли Пирло во предниот дел на одбраната, како класичен плејмејкер, што му дало простор да ги диригира нападите на својот тим. Пирло брилирал во својата нова улога, а наскоро се развил во играч од светска класа, кој одиграл клучна улога во подоцнежните успеси на Милан, каде што тој освоил две титули во Лигата на Шампионите , во сезоната 2002-03 и 2007 година, две титули УЕФА Супер Купот (2003 и 2007), две титули во Серија А во (2004 и 2011 година), Клупско Светското првенство (2007), Супер Куп на Италија (2004), и Купот на Италија (2003) со клубот.
Јувентус По пристигнувањето во Јувентус како слободен трансфер во 2011 година, Јувентус беше без трофеј од 2003 година, со неговите добри игри тој додаде уште четири титули во Серија А (2012, 2013, 2014 и 2015), кој ги освои последователно, како и две титули Супер Куп на Италија во 2012 и 2013 година, и Купот на Италија во 2015 година.
Нујорк Сити По играње во Италија повеќе од 20 сезони, Пирло се приклучил во МЛС во тимот на Њујорк во 2015 година, за да му помагане на тимот да стигне до плејофот во својата втора сезона. Тој го имал својот последен професионален настап на 5 ноември, настапувајќи како замена во 90-та минута во победата од 2-0 над Колумбус Кру, во вториот дел од полуфиналето на источната конференција на МЛС Купот; Њујорк биле елиминирани од плеј-офот по загубата од 4-3 . Вкупно, Пирло реализирал 62 настапи за Њујорк - од кои 60 биле во регуларната сезона на МЛС, додека другите два настапи во плеј-офот на МЛС Купот - во текот на своите три сезони со клубот постигнал еден гол и 18 асистенции , од кои сите биле за време на регуларната сезона на МЛС. Pirlo officially communicated his retirement from professional football the following day, on Twitter.
Репрезентација На репрезентативно ниво, Пирло е играч од историјата на италијанската репрезентација кој е на списокот на фудбалери со 100 или повеќе настапи, а Пирло настапил 116 пати за фудбалската репрезентација на Италија. Тој настапувал и за италијанските младински категории Италија под-15, Италија под-18 и Италија под 21 фудбалски тим. Тој беше капитен на реппрезентацијата Под-21 на Европскот првенство за млади 2000 година и избран како Златен играч и најдобар стрелец на турнирот. Тој се приклучи на италијанскиот сениорскиот тим во септември 2002 година и беше капитен на олимпискиот тим кој освои бронзен медал во Летни олимписки игри 2004 година. Подоцна, тој беше инволвиран во својата победа во 2006 ФИФА Светско Првенство. Тој беше прогласен за играч на натпреварот трипати, после големиот успех на фудбалската репрезентација на Италија, освојувајќи го Светското првенство во Германија 2006 година. На тоа светско првенство тој беше избран во Ол-Стар тимот на турнирот. Исто така, беше дел од националниоот тим на Еуро 2012 , откако Италија после одличните игри беше поразена во финалето од Шпанија. Беше претставник на Италија и на Евро 2004 и Еуро 2008, како и на Светските првенства во Јужна Африка 2010 и во Бразил 2014 година и беше дел од Купот на конфедерациите во2009 и 2013 , каде што заврши на третото место во второто негово издание во Бразил, и повторно беше избран во тимот на турнирот. Пирло ја завршил кариерата во ноември 2017 година, со завршувањето на МЛС првенството.
Наводи
Надворешни врски
Adam Digby, Andrea Pirlo still as good as ever, SI.com, 3 May 2012 ESPN Profile
Категорија:Фудбалери на ФК Бреша Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Реџина Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери во МЛС Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2012 Категорија:Живи луѓе