thumb|400px|

Луизијана била административна област во Нова Франција во XVII и XVIII век. Областа била именувана во чест на кралот Луј XIV од францускиот истражувач Рене-Робер Кавелие де ла Сал, и се протегала од устието на Мисисипи на југ, до изворот на реката и до Големите Езера на север, и од Апалачките Планини на исток до Карпестите Планини на запад. Практично, територијата Луизијана го опфаќала целото сливно подрачје на реката Мисисипи.

Оваа огромна територија во 1803 година Наполеон ја продал на САД за 23.213.568 американски долари.

Денес на територијата на Луизијана се наоѓаат, во целост или делумно, 15 сојузни држави на САД и две провинции од Канада.

Категорија:Историја на САД Категорија:Држави и територии распаднати во 1803 година