Арапската џамија (турски: Arap Camii) — џамија која се наоѓа во Бејоглу, Истанбул, Турција. мини|Внатрешност на џамијата Историја

На местото на оваа џамија во времето на Византија се наоѓала црква посветена на Света ИринаMüller-Wiener (1977), p. 79. Од тој објект денеска постои само еден мал дел од ѕидот. Верувањето дека џамијата била изградена во текот на Арапската опсада на градот е само легенда.

Во 1233 година, во времето ма Ќетвртата крстоносна војна и зазимањето на градот, црквата била посветена на Свети Павле и дадена на редот на ДоминиканцитеMamboury (1953), p. 319. Според натписот на една надгробна плоча, храмот постоел пред 1260 годинаJanin (1953), p. 599.

Во 1325 година црквата била повторно изграденаThis date comes from several documents of that period and from the dates inscribed on the tombstones. Müller-Wiener (1977), p. 79 и посветена на Свети Доменик, но месните жители продолжиле да го користат старото име за црквата.Janin (1953), p. 599.

По падот на градот во 1453 година под отоманска власт, црквата останала под управа на ЏеноваThe Sultan required only the delivery of the bells. Mamboury (1953), p. 319. Сепак, во периодот од 1475 до 1478 година, христијанскиот храм бил претворен во џамија по наредба на султанот Мехмед II. Во тој период џамијата била позната како Галата.

Кон крајот на векот, султанот Бајазит II им ја доделил оваа џамија на муслиманите од Шпанија, односно од ел-Андалус, кои избегале од шпанската реконквиста и се преселиле во Истанбул. По ова џамијата започнале да ја нарекуваат арапска, име кое е и денес зачуваноJanin (1953), p. 599.

Во 1731 година се случил голем пожар во реонот на Галата, па го зафатил и самиот храм. Така, во периодот од 1734 до 1735 година, џамијата била реновирена, биле променети прозорците во готски стил. Слично реновирање џамијата го добила по пожарот во 1808 година.

Наводи

Категорија:Џамии во Бејоглу Категорија:Претворени цркви во џамии во Истанбул Категорија:Златен Рог Категорија:Цркви и манастири во Цариград Категорија:Готска архитектура во Турција