Монголската Народна Партија (монголски: Монгол Ардын Нам), пред 2010: Монголска Народна Револуционерна Партија (Монгол Ардын Хувьсгалт Нам) е поранешна комунистичка политичка партија во Монголија. Политичката партија најчесто се пишува и со кратенката МНП или на монголски јазик МАН.

МНП била владеачка партија на Монголската Народна Република од 1921 па сè до 1996, како единствена партија сè до 1990. Со воведувањето на повеќепартискиот систем, партијата е моментално владеачка во Монголија заедно со неколку останати помали политички партии.

Моменталниот претседател на Монголија, Намбарин Енхбајар е од редовите на МНП, како и премиерот на Монголија, Санџагин Бајар.

thumb|left|150px|Седиште на партијата

Категорија:Комунистички партии Категорија:Политика на Монголија Категорија:Политички партии во Монголија