Папагали (науч. Psittaciformes) — птици од приближно 398 вида во 92 рода кои најчесто се најдени во тропските и суптропските предели. Редот е поделен на три натсемејства: Psittacoidea (вистински папагали), Cacatuoidea (какадуа) и Strigopoidea (новозеландски папагали). Една третина од сите видови папагали се загрозени, со поголем ризик од која било друга споредлива група на птици. Папагалите имаат генерално пантропска дистрибуција со неколку видови кои живеат во умерени региони на јужната полутопка. Најголема разновидност на папагали има во Јужна Америка и Австралија.

Главни одлики на папагалот се силен и закривен клун, исправен став, силни нозе и нокти со зигодактилни стапала (два прста поставени нанапред и два наназад). Многу папагали имаат разни шари и бои. Повеќето папагали покажуваат малку или воопшто немаат сексуален диморфизам. Најважните компоненти на исхраната на повеќето папагали се семе, ореви, овошје, цветни пупки и друг растителен материјал. Неколку видови понекогаш јадат животни и мрши, додека други се специјализирани за исхрана со цветен нектар и меки плодови. Скоро сите папагали се гнездат во шупливи делови од дрва, и несат бели јајца од кои се изведуваат беспомошни млади.

Папагалите, заедно со гаврани, врани, сојки и страчки, се едни од најинтелигентните птици, а способноста на некои видови да го имитираат човечкиот говор ја зголемува нивната популарност како домашни миленици.

Класификација Натсемејство Strigopoidea: папагали од Нов Зеланд

Семејство Nestoridae: два рода со два живи вида (кеа и Новозеландска кака) и неколку изумрени видови Семејство Strigopidae: еден род со еден вид (какапо)

Натсемејство Cacatuoidea: какаду

Семејство Cacatuidae Потсемејство Nymphicinae: еден род со еден вид (нимфа) Потсемејство Calyptorhynchinae: црни какаду Потсемејство Cacatuinae Племе Microglossini: еден род со еден вид (голем црн какаду) Племе Cacatuini: четири родови од бели, розови и сиви видови

Натсемејство Psittacoidea: вистински папагали

Семејство Psittacidae Потсемејство Psittacinae: два африкански родови, Psittacus и Poicephalus Потсемејство Arinae Племе Arini: 18 родови Племе Androglossini: 7 родови Семејство Psittaculidae Потсемејство Psittrichasinae: еден род со еден вид, Дракула папагал Потсемејство Coracopsinae: Васа папагали Потсемејство Platycercinae Племе Pezoporini: земни папагали и слично Племе Platycercini: широкоопашни папагали Потсемејство Psittacellinae: тигрести папагали Потсемејство Loriinae Племе Loriini: лори и лорикити Племе Melopsittacini: еден род со еден вид (тигрица) Племе Cyclopsittini: смоквини папагали Потсемејство Agapornithinae: три рода Потсемејство Psittaculinae Племе Polytelini: три рода Племе Psittaculini: азиски папагали Племе Micropsittini: пигми папагали

Морфологија Големината на живите видови има голема варијација. Најмалиот постоечки папагал е Micropsitta pusio со тежина под 10г и должина од 8 сантиметри, а најголемиот е зумбуловата ара која е долга 1м. Најтешкиот папагал е какапо, кој може да стигне 4,0кг.

Наводи

Категорија:Птици по класификација Категорија:Птици