Анали () е американска теленовела. Во главните улоги се појавуваат Елизабет Гутиерез, Мартин Карпан, Марица Родригес и со специјално гостување на Габи Еспино. Серијата е напишана од венецуелскиот писател, Умберто “Кико” Оливиери, но исто така е и римејк на венецуелската теленовела Марија, Марија. Во САД, серијата со прикажување започна на 20 октомври.
Кај нас серијата се емитува на Сител Телевизија.
Синопсис Во оваа интригантна приказна, за амбиција, одмазда и да се испреплетат во светот на злосторствата и да се кова завера против Маријана Андраде (Габи Еспино), млада и успешна стопанственичка која открива дека нејзиниот маж има афера со нејзината братучетка Сара (Марица Родригес). Сара е убава, амбициозна и опасна жена вплеткана во мафија со дрога, која е неспособна за ништо друго освен за убиства како би го добила тоа што го сака.
Кога Маријана ја открива страшната вистина, таа ја напушта куќата и заминува, а средба лице во лице со жената која е пратена да ја убие неа. После атентатот на својот живот и автомобилската несреќа која и го остава лицето променето засекогаш. Еден научник ја пронаоѓа Маријана кој несвесно и го реконструира лицето во крива слика, која засекогаш ќе го замени текот на нејзиниот живот. Таа не може да се сети на ништо од своето минато, и сега е со лицето на Аналија (Елизабет Гутиерез), жената која се обидела да ја убие неа. Маријана е присилена да го живее животот во темнина на нејзиниот убиец. Во тој момент таа ќе живее двоен живот за борбата помеѓу љубовта и нејзината желба за одмазда. На крајот таа ќе биде присилена да одлучи ако може да прости, како би ја пронашла среќата дури и ако таа има прифаќање да живее во сенка на Аналија.
Улоги Глумци Ликови Елизабет Гутјерез Ана Лусија “Аналија” Монкада/Маријана Андраде де МонтиелМартин Карпан Даниел МонтиелМарица Родригес Сара АндрадеГаби Еспино Маријана Андраде де Монтиел/Ана Лусија “Аналија” МонкадаГабриел Порас Рикардо Ривера Химена Дуке Камила МонкадаЗули Монтеро Кармен Рејес де АндрадеАлехандро Шабан Мигел ПаласиосПедро Морено Кристобал Колон
Надворешни врски / Официјално мрежно место / МАКЕДОНСКИ ФОРУМ
Категорија:Колумбиски телевизиски серии Категорија:Теленовели Категорија:Телемундо