Џамијата Абдул Рахман — џамија која се наоѓа во Кабул, Авганистан. Оваа џамија е позната и како Големата Џамија во Кабул. Објектот се состои од три ката и е изградена на 3,5 хектари земја. Еден кат од зградата е посветен само на жени.

Џамијата го носи името на влијателен авганистански стопанственик по име Хаџи Абдул Рахман кој починал, но неговите синови го продолжиле проектот. Изградбата на џамијата започнала во 2001 година од Хаџи Абдур Рахман, но била одложена неколку години поради бирократијата. Џамијата има капацитет да опслужува 10.000 луѓе истовремено. Исто така постои и медреса во внатрешноста на џамијата и библиотека која содржи 150.000 книги.

Главната работа на џамијата била завршена кон крајот на 2009 година, но официјалната инаугурација се одржала во јули 2012 година на која присуствувале поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи и многу други високи функционери.

Наводи

Категорија:Џамии во Кабул