Ферхад Паша џамија (турски: Ferhad Paşa Camii) била џамија која се наоѓала во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Оваа џамија била една од најстарите џамии во Босна. Објектот бил изграден во 1579 година. За нејзиниот архитект сè уште не се знае, но познато е дека бил ученик на Синан. Во овој комплекс исто така се наоѓа и три турбиња. Џамијата била висока 14 метри, широка 18 метри а нејзиното кубе 18 метри. Објектот бил разрушен во 1993 година од страна на Армијата на Република Српска.
На 7 мај 2001 година бил ставен камен-темелник за изградба на џамијата, но на самата церемонија дошле околу 4000 српски демонстранти кои биле против градењето на џамијатаСпоред податоци на -{Human Rights Watch}-, од 27 март 2013. Протестите биле проследени со каменување на присутните муслимански верници, конфликт со полицијата и било запалено знамето на исламската заедница. На негово место било поставено знамето на Србија. Во судирите биле повредени неколку Бошњаци а еден бил убиен.
По неколку дена со поддршка на полицијата, камен-темелникот бил поставен.Harvard Human Rights Journal, 27 март 2013.
Наводи
Ферхад Паша Категорија:Бања Лука Ферхад Паша