Германија, службено Сојузна Република Германија () — сојузна парламентарна република во Европа, која се состои од 16 покраини. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. Таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија, а истотака и една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња. Берлин е главниот град на државата и најголемиот град, по што следи Хамбург.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство.Латинското име Sacrum Imperium (Света Империја) било документирано уште во 1157. Латинското име Свето Римско Царство (Sacrum Romanum Imperium) било првпат документирано во 1254 година. Полното име „Свето Римско Царство на германскиот народ“ (Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation) датира уште од XV век. Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеоновите војни, се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било предводено од Прусија. По Ноемвриската револуција од 1918-1919 г., а потоа и военото предавање во Првата светска војна, царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета.

Германија била еден од основачите на Европската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа и моментално е непостојана земја членка во Советот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.

Таа е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита. Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.

Потекло на поимот

Англискиот збор Germany потекнува од латинското Магна Германија, кој стапил во употреба откако Гај Јулиј Цезар го прифатил овој назив за луѓето источно од Рајна. Во другите јазици има различни имиња.

Германскиот збор Deutschland (првично diutisciu land, „германска земја“) потекнува од deutsch, наследено од старогорногерманското diutisc „популарен“ (односно, кои припаѓаат на diot или diota „луѓе“; првично користено за разликување на јазикот на обичните луѓе од латинскиот и римските наследници).

Историја

Германски племиња

мини|лево|200п|Германиthumb|300п|десно|Карта на Древна Германија и Римското Царство

Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на бронзената доба или најдоцна во времето на железната доба. Германските племиња потекнуваат од јужна Скандинавија и Северна Германија, кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во I век п.н.е.. Тие влегле во контакт со келтските племиња во Галија како и со персиските, балтичките и словенските во Источна Европа. Со водство на Октавијан Август, римскиот генерал Публиј Квинтилиј Варус започнал да ја освојува Германија (област која се протегала од Рајна до Урал). Во 9 година од нашата ера, три римски легии предводени од Варус биле поразени од водачот на Херуските, Арминиј. До 100 година од нашата ера, кога Такит ја напишал Германија, германските племиња се населиле долж Рајна и Дунав, зафаќајќи го поголемиот дел од денешна Германија; меѓутоа, Австрија, јужна Баварија и западната Рајнска област биле римски провинции.Fulbrook 1991, pp. 9–13.

Во III век, се појавиле голем број на западногермански племиња: Алемани, Франки, Хати, Саксонци, Фризи, Сикамбри и Туринги. Околу 260, Германите влегле во земјите контролирани од Римјаните. По инвазијата на Хуните во 375 и со пропаѓањето на Рим од 395, германски племиња се поместиле кон југозапад. Истовремено, неколку големи племиња ја формирале Германија и раселиле неколку помали германски племиња. Големи области (познати од периодот на Меровинзите како Австразија) биле окупирани од Франките, а Северна Германија била управувана од Саксонците и Словени.

Империја на Франките

По пропаѓањето на Западното Римско Царство, Франките создале своја империја под раководство на Меровинзите, потчинувајќи ги другите германски племиња. Швабија во рамките на Царството на Франките станала грофовство во 496 година по Битката кај Болбијак. Кралот Кловис I веќе го имал зеземено поголемиот дел од територијата на денешна Германија и покренал нови походи кон Саксонија, додека југоисточниот дел од денешна Германија останал под власта на Остроготите. Во 531 година, Саксонците и Франките го зазеле кралството Тирингија. Саксонското население се населило во областа Унштрут. Во времето на разделувањето на Франкиската Империја, нивните германски територии биле дел од Австрија. Во 718 година, Карл Мартел започнал воени дејствија против Саксонија, поради фактот што таа му ја откажала својата помош за Неустрија. Во 751 година, Пипин III ја примил титулата крал, а самата титула му била дадена од страна на црквата.

Свето Римско Царство

thumb|140px|upright|left|Мартин Лутер ја иницирал протестантската реформација.

Син на Пипин III e Карло Велики (768-814), најпознатиот и најмоќниот крал на Франките. Во текот на своето владеење, тој водел војни со Саксонците (772-804), Лангобардите (774), Словените (789-812), Баварците (788) и Аварите (791-802). Пред неговата смрт, Франкиската држава се простирала од Атлантскиот Океан и Ламанш до Рим, Елба и Панонија. Островот Бретан останал под власта на Галите. На југ, неговата држава се простирала до Шпанија и на исток до Картинија, Австрија, Данска и Чешка.Fulbrook 1991, p. 11. Државата била разделена на 230 мали административни единични грофовства. Со грофовствата управувале грофови, кои имале правни и административни функции. Еден од најголемите успеси на Карло Велики е крунисувањето за царот од страна на папата Лав III на 25 декември 800 година. Византија, која се наоѓала од другата страна на Европа ја признала оваа титула на Карло Велики.

Во 1033 година, Светото Римско Царство го уништило кралството Бургунди ставајќи го под нејзина контрола во времето на Конрад II. За време на управувањето на неговиот син, Хенри III, Светото Римско Царство ја поддржила клунијачката реформа на црквата, забраната на Симонијата и безбрачноста на свештениците. Во ова време, империјата била под власта на папата во позадина.

Следувал конфликтот помеѓу Анри IV и папата Григориј VII. Папата сакал да си ја врати својата раководна улога во Западна Европа и германскиот цар да му стане вазал. Хенри IV попаднал во тешка положба и бил принуден да отиде кај Григориј VII, за да бара помилување. Царот отишол во седиштето на папата во Каноса. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Со оваа победа над царот, папата во Западна Европа уште повеќе добил можност за наложување на христијанството како и подоцната поддршка за Крстоносните војни. Во 1222 година се дошло до привремено помирување помеѓу Хенри V и папата.

Во периодот од 1212 година до 1250 година, Фридрих II создал модерна, професионално административна држава во Сицилија. Преку тоа тој ги подновил своите планови за завлдување на Италија, кое довело до создавање на нов конфликт со папството. Борбата со папата целосно ја исцрпила државата. По неговата смрт паднала и неговата династија Хоенштауфен. Следувал период на безвластие односно период во кој немало цар. Врз основа на Златната була од Римини, големиот водач на тевтонските витези Херман фон Салца и војводата Конрад I од Масовије заедно ги нападнале старите Пруси во 1226 година, за да ги покрстат во крстоносниот поход на Прусите. Тогаш витезите биле обвинети за малверзации во полската управа и образување на независната Монашка Држава на тевтонски витези. Редот ја губи својата цел кога соседната Литванија го прифаќа христијанството. Сместен во Прусија, Редот почнува походи кон своите христијански соседи, царството Полска, Големото Војводство Литванија и Република Новгород, откако целосно го асимилира Ливонискиот ред. Благодарение на своите достигнувања, редот постигнува голема градска економија, вработува голем број на европски трговци и станува морска сила на Балтичкото Море.

Во периодот од 1346 до 1378 година, Карл IV од Луксембург, крал на Чешка (Бохемија), преземал големи мерки за да ја издигне повторно царската власт. Во средината на XVI век, црната смрт ја опустошила Европа, заедно со територијата на Германија. Следувало прогонувањето на Евреите на економска и религиозна основа. Многу од нив успеале да побегнат во Полска. Во времето на златниот век, во 1356 година било земено решение дека царот ќе се избира од страна на кралот на Чешка, на Рејн, грофот на Саксонија и маркгрофот на Бранденбург, како и од страна на три духовни свештеници односно бискупите на Мајнц, Трир и Келн.Fulbrook 1991, p. 27.

Од 1640 година, Бранденбург започнал да ја зголемува својата моќ под раководство на Фридрих Вилхелм. Вестфалскиот мировен договор кој бил потпишан во 1648 година дал уште поголема можност за завладување со Источна Померанија. Била образувана апсолутна форма на управување. Во 1701 година, Фридрих Ванденбургски бил прогласен за крал на Прусија. Од 1713 година до 1740 година, кралот Фридрих Вилхелм I Прусија ја образувал како високо централизирана територијална држава. Во тоа време Луј XIV, крал на Франција, успеал да завладее со делови од Елзас и Лотарингија. Во 1683 година Турците Османлии за првпат доживеале пораз пред портите на Виена од страна на полската армија водена од страна на Јан III заедно со австриските војски под раководство на Карло IV. Унгарија била покорена, а Австрија станала голема светска сила.

Германски Сојуз и Германско Царство

мини|лево|150п|Ото Фон Бизмаркthumb|300п|Основање на Германското Царство во Версај, 1871. Бизмарк е во средината во бела униформа.

По падот на Наполеон, се одржал Виенскиот конгрес во 1814 и бил основан Германскиот Сојуз (Deutscher Bund), лабава лига на 39 суверени држави. Несогласување со политиката на реставрација делумно довело до побудување на либералните движење, следени од новите мерки за репресија на австрискиот државник Метерних. Zollverein, царинска унија, да се унапреди економското единство на германските држави. Националните и либералните идеали на Француската револуција добиле зголемена поддршка меѓу многу, особено млади, Германци. Во пресрет на низата револуционерни движења во Европа, од кои била формирана републиката во Франција, интелектуалците и обичните луѓе ги започнале револуциите од 1848 во германските држави. Кралот Фридрих Вилхелм IV од Прусија добил понуда за титула на цар, но со губење на моќта; тој ја отфрлил круната и предложениот устав, што довело до привремен неуспех на движењето.