Ден на сите светци () — католички празник согласно календарот на Римокатоличката црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и они што сѐ уште не се. Денот на сите светци се празнува на 1 ноември. Во православните цркви овој празник се обележува на Духовден и го означува завршувањето на велигденскиот дел од литургиската година.
Потекло Овој празник води потекло од IV век. Првите траги на општо прославување на сите светци се забележани најпрвин во Антиохија и тоа на Духовден. Овој обичај е забележан и во 74 хомилија на свети Јован Златоуст (407 год.) и така и до ден денес се задржал во источните православни цркви.
Папата Григориј III (731 - 741) го поместил овој празник на 1 ноември со цел да може да се совпадне со древниот келтски празник Савин () кој го означувал почетокот на Новата година. На тој начин одговорил на барањата на ирските монаси.
Во времето на Карло Велики овој празник веќе пошироко се обележувал а кралот Луј Побожниот во 835 год. го прогласил за државен празник. Одлуката за тоа била донесена на „барање од страна на папата Григориј IV со согласност од сите епископи“The Catholic Encyclopedia (New York, Robert Appleton Company, 1907), s.v. "All Saints' Day".
Денес Во календарот на Католичката црква, Денот на сите светци е означен како празничен ден, а во католичките земји тоа е воедно и државен празник. Во народот овој ден обично се поврзува со посета на гробиштата и уредување на гробовите, па така и со спомен на мртвите. Сепак, во Црквата Споменот на сите мртви верници или Духовден се обележува еден ден подоцна, на 2 ноември.
Освен во Католичката црква, овој ден се обележува и во Англиканската црква, како и во многу други евангелистички цркви, иако таму тој попримил други форми, во зависност од соодветната Црква.
Наводи
Поврзано Ноќ на вештерките
Надворешни врски Ден на сите светци — Католичка енциклопедија Ден на сите светци — „Православна Англија“
Категорија:Католички празници Категорија:Православни литургиски денови