right|thumb|220px|Логото на 38. шаховска олимпијада 300px|мини|Поглед кон Конгресниот центар во Дрезден, место на одржување на настанот
Шаховската олимпијада 2008 или официјално XXXVIII шаховска олимпијада се одржа од 12 до 25 ноември 2008 во Дрезден, Германија.Календар на ФИДЕ за 2008
На Олимпијадата учествуваа екипи од 152 земји, кои беа надгледувани од околу 150 судии. Од местото на настанот известуваа околу 400 новинари.
Покровител на Шаховската олимпијада 2008 беше германскиот претседател Хорст Келер. Претседател на организациониот комитет беше Винфрид Леман, шеф за извршување на активностите беше Јорн Ферлегер, а дирректор на турнирот беше Дирк Јордан. Место на настанот беше конгресниот ценнтар во Дрезден. Од крајот на февруари, знамето на Олимпијадата беше подигнато високо над зградата на градската управа. Главен спонзор на настанот е EnBW.
Избор
Градот Дрезден ја доби организацијата на 38. шаховска олимпијада во октомври 2004 од страна на ФИДЕ по претходната успешната кандидатура. На 7 април 2005, советот ја потврди организацијата и апочнаа финансиските активности, а на 21 април 2005, градоначалникот на Дрезден Инголф Росберг и претседателот на Германската шаховска федерација Алфред Шлиа ја отворија организационата установа.
Правила на „реформската олимпијада“
Учество земаа вкупно 275 екипи од 152 земји, од кои 156 машки и 119 женски. Со тоа, ова беше досега најголемата Шаховска олимпијада.
На оваа шаховска олимпијада беа направени доста измени во правилата во однос на претходните турнири, што говори за една „реформска олимпијада“. Секоја екипа се состои од 4 натпреварувачи и еден резервен натпреварувач, што беше различно во минатото кога беа дозволени 2 резервни натпреварувачи. Се одржаа 11 круга на натпреварување, за разлика од претхиодните 13 или 14 во швајцарски систем. И принципот на извлекување беше изменет и за првпат екипниот рејтинг ја даваше почетната оцена.
Освен тоа, нов беше и принципот на понудување реми за време на првите 30 потези. Натпреварувачот мора пред да започне партијата да биде присутен пред таблата, инаку ќе ја изгуби партијата.ФИДЕ објави значајни промени на правилата за Шаховската олимпијада, Објавено од dresden2008.de, 4 јуни 2008 Шахистите имаат 90 минути за размислување за првите 40 потези и уште 30 аз остатокот од партијата, со додавање по 30 секунди по секој одигран потег.
Лого
Логото за 38. шаховска олимпијада во Дрезден беше шарено и едноставно, но истовремено ја опишуваше кралската игра. Симболот на најважната фигура во играта, пешакот се темели на апстрактната, но посебна интерпретација на еден од најпознатите Дрезденски меѓници: Портата на крунисаниот тиранин.
За графичкиот дизајн на логото, а и за графичките ефекти за целата Олимпијада е одговорна рекламната компанија Knopek & Clauß чијашто активност е и во објавувањето на графичките материјали во медиумите.
Олимписки судии
Извршниот шеф на судиите за Олимпијадата во Дрезден, Клаус Девентер го објави списокот од 51 германски судија номинирани за турнирот. Од нив 13 судии, меѓу кои и самиот Клаус имаат меѓународна лиценца.
Резултати Екипно Машка конкуренција ПласманЗемја Победи Реми ПоразиБодови Бодови од табла 1. 9111931.0 2. 8211828.0 3. 8121729.0 4. 7311725.5 5. 7221627.0 6. 7221629.0 7. 7221627.0 8. 7221627.5 9. 7221629.0 10. 7221627.5
Женска конкуренција ПласманЗемја Победи Реми ПоразиБодови Бодови од табла 1. 8211831.0 2. 7401830.0 3. 8121730.5 4. 7311729.5 5. 8121727.5 6. 8031628.0 7. 7221626.5 8. 6321527.5 9. 6321527.5 10. 6321529.5
Поединечно Машка конкуренцијаа ПласманИме и презиме Рејтинг РезултатОценет рејтинг 1. 20п Габриел Саргисјан26429/112869 2. 20п Петар Леко27477.5/102834 3. 20п Борис Гелфанд27197.5/102833
Женска конкуренција ПласманИме и презиме Рејтинг РезултатОценет рејтинг 1. 20п Маја Чибурданидзе24897.5/92715 2. 20п Јоана Мајдан22849.5/112621 3. 20п Марта Лорена Фјера-Бакеро23617.5/82613
Интересно На 13 март 2008 е одлучено во Германија да се издаваат годишни поштенски марки со шаховски мотив, во чест на Шаховската олимпијада во Дрезден. Градот Дрезден е петтиот германски град-домаќин на една Шаховска олимпијада. Пред него домаќини биле и Хамбург (1930), Минхен (1958), Лајпциг (1960) и Зиген (1970). За Шаховската олимпијада се одржа турнир во компонирање на шаховски студии, кој треба да го означи одржувањето на Олимпијадата.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Резултати (мажи) Резултати (жени)
Поврзано I неофицијална шаховска Олимпијада (Париз 1924) II неофицијална шаховска Олимпијада (Будимпешта 1926) III неофицијална шаховска Олимпијада (Минхен 1936)
Категорија:Шаховски олимпијади Категорија:Шахот во 2008 година Категорија:Спортот во Дрезден