right|thumb|270px|Гробот на Дариј I во Накш-е Рустам, денешен Иран.
Дариј I Велики (околу 549 — 486 п.н.е.) — крал на Персија од 522 до 486 година п.н.е.
Дошол на власт по контроверзи и крвопролевања во кои загинале двајца синови на Цирус (Кир) Големиот.Darius I - Britannica Online Encyclopedia Неговото владеење било проследено со постојани побуни на покорените територии: двапати Вавилон, трипати Сусиана и еднаш Јонија. Поради тие побуни презел низа воени походи кои завршиле неуспешно, вклучувајќи го и походот против Јонија и поразот во Маратонската битка.Darius I :: Fortification of the empire. - Britannica Online Encyclopedia Дариј ги потчинил народите во Понтските и Ерменските планини и ја проширил доминацијата на Персија во Кавказот.
Извршил реформи во војската и морнарицата како што се задолжителен воен рок, плата за војниците и воен тренинг.
Наводи
Категорија:Ахемениди Категорија:Фараони од Ахеменидската династија Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Основачи на градови