Островските келтски јазици се келтски јазици кои потекнуваат од Британските Острови, за разлика од континенталните келтски јазици од континентална Европа и Анадолија. Сите келтски јазици кои опстанале до денес се од островската група. Континенталните келтски јазици се изумрени. Шесте денешни келтски јазици може да се поделат на: Гелски јазици (ирски, мански и шкотски гелски); и Британски јазици (бретонски, корнски и велшки).
Островска келтска хипотеза „Островската келтска хипотеза“ е теорија дека британските и гелските јазици се развиле заеднички на тие острови, со заеднички предок кој е поскорешен од предците заеднички со континенталните келтски јазици како келтоиберските јазици, галскиот, галатискиот и лепонтскиот, меѓу останатите, од кои сите денес се изумрени.
Поборниците за оваа хипотеза (како Cowgill 1975; McCone 1991, 1992; и Schrijver 1995) укажуваат на заедничките иновации кои ги делат островските келтски јазици, како флективните предлози, употреба на глаголски честички, збороред VSO, и разликувањето помеѓу апсолутни и сврзани глаголски наставки, како што често се среќава во староирскиот и, во мала мера, и во средновелшкиот (видете Пракелтски јазик#Морфологија). Тие тврдат дека делбата на британските и галскиот јазик од една страна, и гелскиот и келтоиберскиот на друга страна може да е површна (т.е. дека се должи на феномен на јазичен контакт), бидејќи идентичната гласовна промена од ( во ) може да се случила независно кај предците на галскиот и бритонските јазици, или се рашириле по пат на јазичен контакт помеѓу овие две групи.
Семејната лоза на островските келтски јазици е следнава:
Островски келтски јазици Гелски Примитивен ирски, предок на: Староирски, предок на: Средноирски, предок на: Ирски Шкотски гелски Мански Британски Пиктски (можеби) Британски Кумбриски (изумрен) Старовелшки, предок на Средновелшки, предок на: Велшки Југозападен британски, предок на: Бретонски Корнски
Оваа е табела на когнати (сродни зборови) која го прикажува развојот на пракелтското * во кај галскиот и британските јазици, но во кај гелските јазици. Пракелтски Галски Велшки Корнски Бретонски Ирски Шкотски гелски Мански Превод *kʷennos pennos pen penn penn ceann ceann kione „глава“ *kʷetwar- petuarios pedwar peswar pevar ceathair ceithir kiare „четири“ *kʷenkʷe pinpetos pump pymp pemp cúig còig queig „пет“ *kʷeis pis pwy piw piv cé (постаро cia) cò/cia quoi „кој“
Значајна разлика помеѓу гелските и британските јазици е трансформацијата на *an, am во деназализирана согласка со издолжување, é, пред првобитно безвучен плозив или фрикатив, на пр. староирско éc „смрт“, écath „јадица“, dét „заб“, cét „сто“ наспроти велшкото angau, angad, dant и cant. Инаку: назалот е задржан пред самогласка, јод, w, m и ликвид: староирско ban „жена“ (< banom) староирско gainethar „е роден(а)“ (< gan-je-tor) староирско ainb „неук“ (< anwiss) назалот преминува во en пред друго n: староирско benn „врв“ (< banno) (наспр. велшкото bann) средноирско ro-geinn „сместува“ (< ganne) (наспр. велшкото gannaf) назалот преминува во in, im пред звучен плозив староирско imb „путер“ (наспр. бретонското aman(en)n, корнското amanyn) староирско ingen „нокт“ (наспр. старовелшкото eguin) староирско tengae „јазик“ (наспр. велшкото tafod) староирско ing „проток“ (наспр. средновелшкото eh-ang „широк“)
Наводи
Островски келтски јазици