мини|Изградба на монтажни станови во Маџари по Скопскиот земјотрес во 1963 г. Маџари — населба во Скопје, во рамките на Општина Гази Баба.

Историја Местото е населено уште од новото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Тумба.

Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано под името Маџарлак и имало 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 52 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 212 жители.

На крајот на XIX век Маџари било село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маџари живееле 120 Македонски христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.206

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Маџари имало 128 жители егзархисти.Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.

По Првата светска војна селото е преименувано во Душановац. Согласно државната политика за колонизирање на Вардарска Македонија, во селото е создадена колонија претежно од доселени Херцеговци.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 250 жители. Било дел од Општина Асанбегово.

Во 1925 г. на местото на старата трошна црква е изграден храмот „Свети Спас“ („Вознесение Христово“). Во 1992 г. населението почнало да го преградува храмот од темел.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го завел Маџарлик (Madžarlik) како село со нејасен етнички состав.Leonhard Schultze Jena. „Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder“, Jena, G. Fischer, 1927

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци и 50 други жители.

Население Според последниот попис од 2002 година, Маџари има 12.874 жители.

Следува табелa на националната структура на населението

Народ Жители Македонци 11.450 Албанци 199 Турци 111 Роми 477 Власи 62 Срби 440 Бошњаци 169 останати 171

Населението низ историјата

Родови Маџари е мешана населба, во минатото Маџари било село, но со тек на време станало населба.

Според податоците од 1950-тите родови во Маџари се.

Македонски родови: Косолиовци (12 к.) доселени се од Косово. Се сметаат за многу стари доселеници; Кимовци (9 к.), Грујовци (6 к.) и Златановци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Неслатковци (5 к.) доселени се во турско време од Долно Лисиче, таму имаат истоимени роднини, кои се староседелци; Чадлевци (3 к.) доселени се на крајот на 19 век од селото Кадино; Чорбевци (3 к.) и Станковци (9 к.) доселени се од селото Јурумлери; Димковци (3 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Инџиково; Амиловци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Горно Лисиче; Чапкуновци (7 к.) доселени се од соседното селото Ќерамидница; Пацини (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Булачани; Караџини (5 к.) доселени се од селото Галичник, тука живеат од почетокот на 20 век; Корџовци (2 к.) доселени се од Долно Водно; Солњани (2 к.) доселени се од некое од селата Соње кај Водно; Баба Витини (1 к.) доселени се во 1940 година од селото Башино Село кај Велес; Дебрани или Мерџановци (2 к.) доселени се во 1939 година од околината на Дебар; Црногорци (2 к.) доселени се после Втората светска војна од селото Бродец на Скопска Црна Гора; Раштевци или Јовчевци (1 к.) доселени се од селото Раштак; Булачанци (4 к.) доселени се од селото Булачани, тука ги населиле бугарските власти во текот на Втората светска војна; Црешевчани (1 к.) доселени се од селото Црешево; Галичани (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Галичник, гранка се од родот Караџинци; Цветан Четник (1 к.) по потекло од Црешево. Овде населен од бугарските власти во текот на Втората светска војна; Велешани (5 к.) доселени се од Оризари кај Велес; Паланчани (4 к.) доселени се во 1948 година од некое село кај Крива Паланка; Исајловци (1 к.) доселени се од Баница кај Гостивар; Илија Ташак (1 к.) доселен од Скопје. Српски родови: Ѓуриќи (5 к.), Беатовиќи (4 к.) и Церовиќи (1 к.) доселени се од Херцеговина, овде дошле после 1918 година; Војводиќи (1 к.) доселени се од околината на Прокупље; Кокановиќи (1 к.) доселени се после Првата светска војна од Црна Гора; Радуловиќи (1 к.) не знаат од каде се доселени; Марјановиќи (3 к.) доселени се од некаде од Србија; Митиќи (5 к.) доселени се во 1936 година од околината на Ниш, ги викаат и Нишлији; Пејиќи (2 к.) доселени се во 1936 година од селото Црн Врв во околината на Лесковац; Врањанци (3 к.) доселени се во 1940 година од околината на Врање. Ромски родови: Еминовци (5 к.), Едиповци (2 к.), Бафтијар (1 к.) и Баба Рефкији (2 к.) доселени се од Јурумлери, во Маџари живеат од околу 1912 година; Џемаил (1 к.) и Абазовци (5 к.) од Долно Лисиче се; Јонуз (1 к.) доселени се од Јурумлери; Сефедин (1 к.) доселени се од Сингелиќ (денес Ченто); Приштинци (1 к.) доселени се од Приштина, Косово. Останати: Ѓоко (1 к.), Тодор (1 к.), Никола (1 к.) и Иван Козар (1 к.) Руси се, доселени се од Русија, овде живеат од 1938 година; Пепи (1 к.) Словенец, доселен од Словенија, овде е од 1945 година.

Општествени установи мини|десно|Црквата „Св. Спас“ Верски објекти Црква „Св. Спас“

Образование ОУ „Наум Наумовски Борче“ — основно училиште

Спорт ФК Маџари Солидарност — месен фудбалски клуб Стадион „Борис Трајковски“ — матичен стадион на клубот

Културно-историска оставнина Археолошки наоѓалишта Ограда — населба од римско време Тумба — населба од неолитско време Улица „Димче Милошевски“ бр. 139 — осамен наод од римско време Ф-ка „Газела“ — патоказ од римско време

Личности Личности родени во Маџари:

Боривоје Милошевски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Веле Ивановски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Пеце Ивановски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Добре Ивановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Божидар Ѓуриќ (1925-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Кирил Петрушевски (1977-2000) — македонски бранител, припадник на МВР

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Села во Општина Гази Баба Категорија:Општина Гази Баба