Kристијано Роналдо дос Сантос Авеиро (р. во Фуншал) — португалски фудбалер, напаѓач на Ал-Наср и на португалската репрезентација.
Животопис Роналдо е роден во Сан Педро, Фуншал на португалскиот остров Мадејра. Пораснал во градот Фуншал во Санто Антонио, со мајка му Марија Долореш дош Сантош Авеиро и татко му Жозе Диниш Авеиро (починал во 2005 поради проблеми со алкохолизмот). Името Кристијано се должи на христијанската вера на мајката, додека второто име, Роналдо, го добил во чест на Роналд Реган, омилен актер на таткото и претседател на САД во тоа време. Кристијано има еден постар брат Уго (роден 1975) и две сестри, Елма (родена 1974) и Лилијана Катија (родена 1976).
Во јули 2010 година Роналдо станал татко на своето прво дете, но одлучил да не го открие името на мајката и да го преземе ексклузивниот надзор врз детето. Во јануари 2015 година, Роналдо објавил дека неговата петгодишни врска со рускиот модел Ирина Шајк завршила. На 8 јуни 2017 година, тој станал татко на близнаци, момче и девојче, родени од сурогат мајка. На 12 ноември 2017 година, се родила и ќерката Алана Мартина, од страна на Георгина Родригес, неговата партнерка од 2016 година.
Во 2016 година, во неговиот роден град Фуншал бил отворен музеј кој целосно е посветен на неговата кариера.
Тој е заштитно лице на различни компании, вклучувајќи ги и Clear, Џорџо Армани и Најк. Тој, исто така, се појавил и на насловната страна на неколку видео-игри како PES 2008, PES 2012, PES 2013 и FIFA 18. Во септември 2015 го претставил својот парфем наречен Cristiano Ronaldo Legacy.
Кариера Спортинг На возраст од 16 години, Роналдо бил промовиран од младинскиот тим на Спортинг во првиот од страна на тренерот Лашло Болони, кој бил импресиониран од неговиот дриблинг. Тој станал првиот играч на клубот кој заиграл за тимот под 16 години, под 17 години, под 18 години, Б тимот и првиот тим, сите во рамките на иста сезона. Една година подоцна, на 7 октомври 2002, Роналдо го направил своето деби во Примеира лигата, против Мореиренсе и постигнал два гола во победата со 3-0.
Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид Роналдо ја започнал својата кариера како младински играч за Андориња, каде што тој играл две години, пред да се пресели во Национал. Во 1997 година, тој направил трансфер во португалскиот гигант Спортинг. Во 2003 година тој го привлекол вниманието на Манчестер јунајтед, односно на менаџерот Алекс Фергусон, кој го довел за £ 12.200.000 (15.000.000 €). Во 2004 година, тој го освоил својот прв трофеј, ФА Купот.
Во 2007 година, Роналдо бил првиот играч во Англија кој ги освоил сите четири главни PFA награди. Во 2008 и 2013 година, тој ја освоил ФИФА / Ballon d'Or наградата за најдобар фудбалер во светот, и со тоа станал првиот португалски играч кој ја добил наградата двапати по ред. Тој бил награден со Европската Златна копачка во 2008 година, додека во 2008 година, тој ги освоил 3 од 4 главни PFA награди и бил прогласен за ФИФА играч на годината, ФИФА Про играч на годината, фудбалер на годината, и Onze d'Or. Во 2007 и 2008 година, Роналдо бил прогласен за РС, фудбалер на годината. Тој бил на прогласен за победник на ФИФА Пушкаш награда за гол на годината во 2009 година, според УЕФА анкета во 2014 година, тој бил прогласен за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Роналдо станал најскапиот играч на светот, кога тој се преселил од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид во 2009 во трансфер вреден £ 80.000.000 (94.000.000 € / $ 132.000.000). Договорот на Роналдо со Реал Мадрид, бил под условите на кои тој требал да заработува 21.000.000 € годишно (по оданочување), во тоа време највисоко платен фудбалер во светот, со откупна клаузула во вредност од € 100.000.000. Тој се сметал за најдобриот играч во светот, и еден од најголемите на сите времиња. Со 68 гола од септември 2014 година, тој станал втор стрелец на сите времиња, и заостанувал зад Раул Гонсалес само три гола. Тој, исто така, го држи рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите, постигнувајќи 17 гола во сезоната 2013-14.
Роналдо е првиот играч во Европската лига кој стигнал до 40 гола во една сезона во две последователни години, најбрз играч на Реал Мадрид кој постигнал 100 лигашки голови, како и првиот играч кој постигнал гол против секој тим во една сезона во Ла Лига. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона за Реал Мадрид. Во јануари 2014 година, Роналдо го постигнал својот 400-ти гол во кариерата. Во јули 2018 по 9 години во Реал Мадрид, и по 15 освоени титули, направи трансфер во Јувентус за сума од 100 милиони евра плус бонуси.
Јувентус По една недела шпекулации за трансфер, на 10 јули 2018 година, Роналдо потпишал четиригодишен договор со италијанскиот клуб Јувентус по завршувањето на трансферот од 100 милиони евра, плус придонеси за солидарност на младите клубови на Роналдо и дополнителни 12 милиони евра во други надоместоци. Трансферот бил највисок дотогаш за играч над 30 години, и највисоко платен од еден италијански клуб. По потпишувањето, Роналдо ја цитирал неговата потреба за нов предизвик како негово образложение за заминување од Реал Мадрид. Роналдо го направил своето официјално деби за Јувентус на отворањето на Серија А на 18 август, со победата од 3-2 над Кјево.
Репрезентативна кариера
Роналдо го направил своето деби за Португалија во август 2003 година, на возраст од 18 години Тој оттогаш настапил на повеќе од 100 натпревари и има учествувано на 6 големи турнири: три УЕФА Европски првенства (2004, 2008 и 2012) и три ФИФА Светски првенства (2006, 2010 и 2014). Роналдо е првиот португалски играч кој постигнал повеќе од 50 голови за репрезентацијата, што го прави топ стрелец на Португалија на сите времиња. Тој го постигнал својот прв меѓународен гол во првиот натпревар на Евро 2004 против Грција, и помогнал на Португалија да стигне до финалето. Тој ја презел функцијата капитен во јули 2008 година, а на Евро 2012 тој ја предводел Португалија до полуфиналето, завршувајќи на конкуренцијата како заеднички најдобар стрелец на турнирот. На Евро 2016 година, Роналдо го забележал најголемиот успех со репрезентацијата на Португалија, освојувајќи го златниот медал, победувајќи ја во финалето, репрезентацијата на домаќинот Франција со резултат 1-0. На Светското првенство 2018 година во Русија, Роналдо со својата репрезентација бил елиминиран во осминафиналето од Уругвај.
Занимливости Роналдо пет пати ја има освоено наградата на ФИФА „FIFA Ballon d'Or“ за најдобар играч на годината, последната во 2017 година. Тој има освоено 24 трофеи во својата кариера, вклучувајќи пет лига титули, четири титули на УЕФА Лигата на шампионите и една титула на Европско првенство во фудбал во 2016 година. Роналдо ги држи рекордите за најмногу официјални постигнати голови во првите пет европски лиги (372), Лигата на шампионите (110) и УЕФА Европските првенства (29), како и најмногу постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите (17). Тој има постигнато повеќе од 600 голови во неговата клупска и репрезентативната кариера.
Титули Клупски
Спортинг Лисабон Суперкуп на Португалија (1) : 2002
Манчестер Јунајтед Премиер лига (3) : 2006-2007, 2007-2008, 2008–2009 ФА Куп (1) : 2003–2004 Лига куп (1) : 2005-2006, 2008-2009 ФА Комјунити Шилд (1) : 2007 УЕФА Лига на шампиони (1) : 2007–08 Светско клупско првенство (1) : 2008
Реал Мадрид Примера Дивисон (2) : 2011-2012, 2016-2017 Куп на Шпанија (2) : 2010-2011, 2013-2014 Суперкуп на Шпанија (2) : 2012, 2017 УЕФА Лига на шампиони (4) : 2013–2014, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018 Суперкуп на УЕФА (2): 2014, 2017 Светско клупско првенство (3) : 2014, 2016, 2017
Јувентус Серија А (2) : 2018-2019, 2019-2020 Куп на Италија (1) : 2020-2021 Суперкуп на Италија (2) : 2018, 2020
Репрезентација Португалија Европско првенство (1) : 2016 УЕФА Лига на нации (1) : 2018–2019
Наводи
Надворешни врски
Кристијано Роналдо на soccerway Кристијано Роналдо на transfermarkt Кристијано Роналдо на espn Кристијано Роналдо на tuttocalciatori Кристијано Роналдо на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Римокатолички христијани од Португалија Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер лига Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2018 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026