680 п.н.е. — година според општоприфатениот календар. Тоа била 680. година пред нашата ера, 680. од првиот милениум п.н.е., 80. од 7 век п.н.е. и прва од 680-тите п.н.е.

Други календари Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 4828 и 4829 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во градот Асур, станува збор за 4070 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3080 и 3081 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 73.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 680 година се протега во 1956 и 1957, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2016 и 2017 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, па така годината е 137 пред Буда да ја достигне блажената состојба. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1341 и 1340 исламска година пред хиџра.

Настани

Европа

Во Грција се одржале 25-тите Олимписки игри.За првпат била воведена дисциплината „Трка со двоколки“, во која победил Пагон од Тива. Во трката на растојание од еден стадион победил Талпид од Лаконија. Метеорит го погодил естонскиот остров Сарема и го формирал Каали кратерот (приближна дата).

Азија

Мала Азија

Бил основоположен древниот старогрчки град  Халкедон (Калхедон) во Мала Азија.

Лидија

Гиг (околу 680-652 или 644 г. п.н.е.) станал цар на Лидија и ја основоположил династијата Мермнади.

Асирија

Асархадон станал цар на Асирија  (681/0-669 г. п.н.е.). Во тек на своето владеење помогнал во возобновувањето на Вавилон, градот кој неговиот татко го уништил.

Елам

Цар на Елам бил Хума-Халдаш II (681-675 г. п.н.е.).

Урарту

На престолот на државата Урарту (библиското име е Арарат) бил поставен Руса II (680-639 г. п.н.е.).

Африка

Египет

Фараон на Египет бил Тахарка (690-664 г. п.н.е.).

Родени

Архилох, старогрчки поет, се претпоставува дека е еден од најраните лирски поети на европската книжевност. Неговите стихови се сочувани само во фрагменти.

Починати

Наводи

Категорија:7 век п.н.е. Категорија:680-ти п.н.е. Категорија:680 п.н.е.