8 век п.н.е. започнува на 1 јануари 800 п.н.е. и завршил на 31 декември 701 пред нашата ера. 8 век пред нашата ера е период на големи промени за неколку историски значајни цивилизации. Во Египет, 23-тата и 24-тата династија довеле до владеење на Нубија во 25-тата династија. Новоасирското Царство го достигнува врвот на својата моќ, освојувајќи го Царството на Израел, како и соседните земји.
Грција колонизира други региони на Средоземното Море и Црното Море. Рим е основан во 753 п.н.е. и етрурската цивилизација се проширува низ Италија. 8 век п.н.е. конвенционално се смета за почетокот на класичната антика, со што првата Олимпијада била одржана во 776 п.н.е., а еповите на Хомер датираат од периодот меѓу 750 и 650 п.н.е..
Индија од железното време преминува во Ведскиот период. Ведската вера е евидентирана во многу свештенички училишта во брахмански коментари, и најраните Упанишади го означуваат почетокот на Ведантската филозофија.
Настани десно|мини|250x250пкс|Бронзена Капитолска волчица и близнаците Ромул и Рем; близнаците биле додадени во 15 век. Тие биле легендарните основачи на Рим. мини|279x279пкс|Саргон II, крал на Асирија и освојувач на Царството на Израел, прикажан со достоинственици
Крај на 8 век п.н.е.: се направени обетките, круната и розетите за гробот на кралицата Јабај во Калху (денешен Нимруд, Ирак). Тие денес се наоѓаат во Музејот на Ирак во Багдад. Тие биле откриени во 1988 година. Втора половина на 8 век п.н.е.: Во Јудејското кралство, Ерусалим доживува експанзија во однос на населението и големината, претворувајќи се од мал град во главниот град на кралството. 797 п.н.е.: Теспиеј, крал на Атина, умира по 27 годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Агаместор.
780-ти п.н.е.
783 п.н.е.: Шалманесер IV го наследува неговиот татко Адад-нирари III како крал на Асирија. 782 п.н.е.: основање на Еребуни (Էրեբունի) по наредба на кралот Аргишти I на местото на денешен Ереван. 782 п.н.е.: починува Суан од Џоу, кралот на династијата Џоу (1122 п.н.е.—256 п.н.е.) на Кина. 781 п.н.е.: Ју-ван од Џоу станува крал на династија Џоу (1122 п.н.е.—256 п.н.е.) на Кина. 780 п.н.е.: првото историско затемнување на сонцето е евидентирано во Кина.
770-ти п.н.е.
778 п.н.е.: Агаместор, крал на Атина, умира по 17-годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Есхил. 776 п.н.е.: ретроспективно сметана за годината на првата Олимпијада. Историјата на Олимписките игри се верува дека датира дури од 13 век п.н.е.. 774 п.н.е.: крај на владеењето на кралот Пигмалион од Тир. 773 п.н.е.: починува Шошенк III, крал на Египет. 773 п.н.е.: Ашур-Дан III го наследува неговиот брат Шалманесер IV како крал на Асирија. 771 п.н.е.: крај на западната династијата Џоу во Кина откако "западни" варварски племиња го ууништуваат капиталот Хао. Кралот на Џоу е убиен. Престолонаследникот Џи Јиџиу побегнува и ќе владее како крал Пинг од Џоу. 770 п.н.е.: почеток на источната династијата Џоу во Кина откако Пинг од Џоу станува првиот крал на Џоу кој владее од новиот главен град Ченгџоу (денешен Луојанг).
760-ти п.н.е.
15 јуни 763 п.н.е.: затемнувањето на сонцето кое се случи на овој датум се користи за да се поправи хронологијата на древниот Близок Исток. Средина на 8 век п.н.е.: направен е моделот на храмот, тој бил најден во светилиштето на Хера, Аргос. Тој денес се наоѓа во Националниот археолошки музеј во Атина.
750-ти п.н.е.
756 п.н.е.: основање на Кизик. 755 п.н.е.: Ашур-нирари V го наследува Ашур-Дан III како крал на Асирија. 755 п.н.е.: Есхил, крал на Атина, умира по 23-годишно владеење и е наследен од Алкмеон. 753 п.н.е.: Алкмеон, крал на Атина, умира по 2-годишно владеење. Тој е заменет од страна на архонтот Харопс. 21 април 753 п.н.е.: Рим е основан од страна на Ромул (според традицијата). Почеток на римскиот календар 'Ab urbe condita'.
740-ти п.н.е.
26 февруари 747 п.н.е.: Набонасар станува цар на Вавилон. 747 п.н.е.: Мелес станува крал на Лидија. 747 п.н.е.: основан е лужичкиот град Бискупин. 745 п.н.е.: асирската круна е запленета од страна на Пул, кој го зема името Тиглат-Пилесар III. 743 п.н.е.: војводата Џуанг од кинеската држава Шенг доаѓа на власт. 740 п.н.е.: Тиглат-Пилесар III го освојува градот Арпад во Сирија по 2-годишна опсада. 740 п.н.е.: почеток на владеењето на Ахаз во Јудеја.
730-ти п.н.е.
739 п.н.е.: Хирам II станува крал на Тир. 738 п.н.е.: кралот Тиглат-Пилесар III го напаѓа Израел, принудувајќи го да му оддаде почит. 734 п.н.е.: Сиракуза (Сицилија) е основан како колонија од Коринт. 734 п.н.е.: Наксос во Сицилија е основан како колонија на Халкида во Евбеја. (традиционален датум) 732 п.н.е.: Осија станува последниот цар на Израел. 730-ти п.н.е.: Осоркон IV го наследува Шешонг IV како цар на дваесет и втората династија на Египет. 730-ти п.н.е.: Пија го наследува неговиот татко Кашта како цар на нубијското царство Напата. 730-ти п.н.е.: Матан II го наследува Хирам II како крал на Тир.
720-ти п.н.е.
728 п.н.е.: Пија го напаѓа Египет, освојувајќи го Мемфис и добивајќи почит од владетелите на Делтата на Нил. Тој ја основа дваесет и петтата династија на Египет. 727 п.н.е.: Вавилонија декларира независност од Асирија. 724 п.н.е.: Асирците започнуваат 4-годишна опсада на Тир. 724 п.н.е.: diaulos е воведен во Олимписките игри. 720-ти п.н.е.: периодот на Пролет и Есен во Кина започнува со кралот Пинг од династијата Џоу. 720-ти п.н.е.: Израел е освоен од страна на асирскиот крал Саргон II. 720 п.н.е.: крај на асирската опсада на Тир.
710-ти п.н.е.
719 п.н.е.: Хуан од династијата Џоу станува владетел на Кина. 718 п.н.е.: Гиг станува владетел на Лидија. 717 п.н.е.: асирскиот крал Саргон го освојува хетитското упориште Каркемиш. 717 п.н.е.: Саргон II го основа новиот капитал на Асирија близу Дур-Шарукин. 716 п.н.е.: според римската легенда на овој датум Ромул го завршува неговото владеење. 715 п.н.е.: почетокот на владеењето на римскиот крал Нума Помпилиј. 713 п.н.е.: Нума Помпилиј воведува реформи во римскиот календар. 712 година п.н.е.: Нума Помпилиј ја создава тиулата понтифекс максимус.
700-ти п.н.е.
706 п.н.е.: спартански имигранти го основаат Тарас (Tarentum, денешен Таранто) во Јужна Италија. 705 п.н.е.: Сенахериб го наследува Саргон II како крал на Асирија. 704 п.н.е.: Сенахериб го преместува капиталот на Асирија во Ниневех. 701 п.н.е.: кралот Езекија од Јудеја, поддржан од Египет, крева бунт против кралот Сенахериб. Сенахериб уништува многу градови, но не успева во неговиот обид да го заземе Ерусалим. 700 п.н.е.: Скитите започнуваат да се населуваат во кимеријски области, полека заменувајќи ги претходните жители. 700 п.н.е.: крајот на виланованската култура во Северна Италија и развој на етрурската цивилизација. 700 п.н.е.: Упанишадите, светиот текст на Хиндуизмот, се напишани во овој период.
Непознат датум
Грците го колонизираат Средоземното Море и Црното Море. Трако-кимеријско влијание во Средна Европа. Асирија ги освојува Дамаск и Самарија.
Значајни лица десно|мини|164x164пкс|Сенахериб десно|мини|158x158пкс|Саргон II десно|мини|120x120пкс|Тиглат-Пилесар III десно|мини|213x213пкс|Дидона десно|мини|120x120пкс|Хесиод десно|мини|182x182пкс|Хомер
Адад-нирари III, цар на Асирија Ахаз, крал на Јудејското кралство Алкмен, крал на Спарта Амасија од Јудеја Аргишти I Ашур-Дан III, цар на Асирија Архилај, крал на Спарта Бакенранеф (исто така познат како Бочорис) го наследува својот татко Тефнахте како крал на дваесет и четвртата династија на Египет Исаија, библиски пророк и советник на царевите на Јудеја Дидо, кралица на Картагина Ериба-Мардук, крал на Вавилон Иупут, фараон од дваесет и третата династија на Египет Езекија од Јудејското царство Мардук-апла-узур, вавилонски цар Менуа, крал на Урарту Мидас (крал на Фригија) Набонасар, вавилонски цар Нума Помпилиј, крал на Рим Осоркон III, фараон од дваесет и втората династија на Египет Кинг Пинг од Џоу, крал на династијата Џоу Пигмалион, цар на Тир Ривало, легендарниот крал на Британците Реја Силвија, мајка на Ромул и Рем Ромул, крал на Рим Рудамун, фараон од дваесет и третата династија на Египет Руса I, крал на Урарту Саргон го наследува Шалманесер V како крал на Асирија Сенахириб, асирски цар Шалманезер V, крал на Асирија Шабака го наследува својот татко Пија како крал на дваесет и петтата династија на Египет Шабака го убива Бакенранеф (Бокхорис) Такелот III, фараон од дваесет и третата династија на Египет Тиглат-Пилесар III, цар на Асирија Тит Татиј, крал на Сабините Замолксис од Дакија
Литература
Арктин Милетски, грчки поет Кинетон Лакедемонски, грчки поет Евмел Коринтски, грчки поет Хесиод, грчки поет Хомер, грчки поет
Спорт
Дезмон Коринтски, грчки тркач Орсип, грчки тркач Полихар Месенски, грчки тркач Питагора Лаконски, грчки тркач Телис Сикионски, грчки тркач
Пронајдоци и откритија
Демотското писмо се појавува во Стар Египет. Грците почнуваат да го користат азбучното писмо.
Суверени држави Видете: Список на суверени држави во 8 век п.н.е.
Наводи
Категорија:1 милениум п.н.е. Категорија:8 век п.н.е. Категорија:Векови