Формозанската црна мечка (Ursus thibetanus formosanus) е под-вид на Азиската црна мечка. Формозиската мечка е ендемски вид во Тајван и е најголемото животно и единствената мечка која живее на островот. Најчесто се среќаваат во планинските шумски предели во источниот дел на островот, на надморска височина од 1000 до 3500 метри.
Формозиските црни мечки се сештојади и најчесто се хранат со листови, плодови, корења, инсекти и мали цицачи. Понекогаш се случува да јадат и мрша. Најчесто се движат сами, освен во сезоната за парење или кога мајката има малечки.
Занимливости
Логото на „La New Bears“ , професионален бејзбол тим од Тајван, е Формозиска црна мечка.
Категорија:Зоологија Категорија:Животни Категорија:Цицачи Категорија:Мечки