Ова е статија за островот Пенанг. За истоимената малезиска држава видете тука.
Пенаншкиот Остров или само Пенанг е малезиски остров кој се наоѓа во државата Пенанг. Порано бил познат под името Остров на Принцот од Велс, бидејќи најпрво бил основан од британците. Главен град е Џорџ Таун.
Островот е четврт по големина во Малезија со површина од 295 км2. Исто така тој е и најнаселенит остров со вкупно население од 678.000. Островот е поврзан со копното на полуостровт Малаја преку Пенаншкиот мост.
Островот е поделен административно на Северозападен Пенанг и Североисточен Пенанг.
Источниот дел на островот е високоурбанизиран со индустриски, комерцијални и резиденцијални реони. Западниот дел претежно е зелена област.Satellite image from Google Maps
Белешки
thumb|left|Поглед на Танџунг Бунгах на островскиот северен брег
Категорија:Острови на Малезија Категорија:Пенанг