мини|Поглед кон Кристалната џамија во Куала Теренгану Теренгану (џави: ترڠڬانو, порано спелувано како Тренгану или Трингану) е султанат и уставна држава на Малезиската Федерација. Државата е исто така позната и како Почесната Арапска Резиденција на Вербата ("Darul Iman"). Крајбрежниот град Куала Теренгану низ која тече истоимената Теренганска Река е најголемиот град и воедно седиште на султанатот.
Географија Теренгану е сместен на североисточниот дел на полуостровот Малаја, и на северозапад се граничи со Келантан, на југозапад со Паханг, и на исток со Јужнокинеското Море. Неколкуте острови од кои Перхентијански Острови, Капас и Реданг, се дел од државата. Вкупната површина на Теренгану изнесува 12.955 км2.
Демографија Теренгану има вкупно население од 1.080.286 (2006 попис), од кои Малајците се 94,7% од населението, додека Кинезите, 2,6%,Индијците 0,2% и другите со 2,4%. Во 2000, само 48,7% од населението живеело во урбатите центри; додека мнозинството било „рурално“. Додела пописот во 2005 покажува дека 51% од вкупното население живее во урбаните средини, додека 49% во руралните. Теренгану е поделен на административни дистрикти т.н. Daerah на малајски), од кои:
Јазик Народот на Теренгану генерално зборува на Теренгански малајски јазик, кој се разликува од стандардниот малајски и келантанески малајски , со исклучот на жителите од дистриктот Бесут и Перхентијанските Острови кои зборуваат келантанески.
Административна поделба
Дистрикт Површина (км2) Население (2006 попис) Седиште на Дистриктот Густина Бесут 1.233 145.324 Кампунг Раџа 118 Дунгун 2.736 159.996 Куала Дунгун 58 Хулу Теренгану 3.874 73.912 Куала Беранг 19 Кемаман 2.536 174.876 Чукаи 69 Куала Теренгану 605 361.801 Куала Теренгану 598 Маранг 667 102.470 Маранг 154 Сетиу 1.304 61.907 Бандар Пермаисури 47
Наводи
Надворешни врски Terengganu State Government Information Portal Official Terengganu Tourism site Terengganu tourism page Official Terengganu Tourism site
Категорија:Теренгану Категорија:Држави и територии на Малезија