Андамани и Никобари Андамани и Никобари - अंडमान और निकोबार द्वीप Држава: Индија Главен град: Порт Блер Површина: 6.495 км2 Население: 356.152 Густина на население: 55 жит/км2 Јазик: никобарски, бенгалски, англиски, хинди, тамилски, малајалски, телушки Религија: Мрежно место: Мапа н|250п|Положба на Андамани ио Никобари во Индија
Андамани и Никобари тамилски: அந்தமான் நிக்கோபார் தீவுகள், хинди: अंडमान और निकोबार द्वीपसमूह) се две посебни групи на острови кои заедно сочинуваат сојузна територија во Индија.
Територијата е сместена во Индискиот Океан, географски се смета за дел на Југоисточна Азија. Се состои од две групи на острови, Андаманските Острови и Никобарските Острови, кои ги дели северниот напоредник на 10°, и тоа Андаманските Острови на север од оваа паралела и Никобарските Острови на југ од оваа паралела. Андаманското Море се наоѓа на исток, a Бенгалскиот Залив на запад.
Главен град на територијата е Аднаманскиот град Порт Блер. Според последниот попис во Индија од 2001 година територијата броела 356.152 жители. Површината на овие острови изнесува околу 6.496 км2.
Географија 200px|thumb|left|Поглед од воздух на Андаманските Острови Оваа територија има околу 572 острови, од кои околу 38 се постојано населени. Повеќето од островите (околу 550) припаѓаат на Андаманската група. Помалиот дел, Никобарските Острови се група од 22 главни острови (10 ненаселени). Андаманските и Никобарските Острови се одвоени со морски канал широк околу 150 км.
Вкупната површина на Андаманските Острови изнесува околу 6.408 км2, додека Никобарските Острови се со површина од приближно 1.841 км2.
Влада Андаманските и Никобарските Острови се поделени на три административни единици. Секоја административна единица е поделена на помали административни подединици и талуци.
Јужен Андаман Главно седиште на административната единица се наоѓа во Порт Блер
Подединици и талуци: Административни подединици на Порт Блер Порт Блер талук Фераргун талук Административна подединица Мал Андаман Мал Андаман талук (Хат Беј)
Никобар Главно административно седиште: Кар Никобар
Подединици и талуци: Кар Никобар подединица Кар Никобар талук Подединица Нанковри Нанковри талук Каморта талук Тереза талук Качал талук Подединица Голем Никобар Голем Никобар талук (Кемпбел Беј) Мал Никобар талук
Поврзано
Андамански јазици Никобарски јазици Голем Никобар Северен Сентинел
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Андаманската и Никобарската администрација Официјално туристичко мрежно место на Андаманските и Никобарските острови
Категорија:Сојузни територии на Индија Категорија:Андаманско Море Категорија:Индија Категорија:Зависни територии во Азија Категорија:Држави и територии настанати во 1956 година Категорија:Сојузни држави и територии на Индија