Оваа статија е за комунистот Тодор Павлов. За дипломатот Тодор Павлов видете Тодор Павлов
Тодор Димитров Павлов — комунист, политичар и филозоф од Бугарија со потекло од Македонија. Во светски рамки е познат како еден од главните застапници на теоријата на одразот.
По доаѓањето на Отечествениот фронт на власт во Бугарија, Павлов е еден од тројцата регенти на Царството Бугариjа во периодот 1944-1946. Потоа бил член на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија од 1957, член на Политбиро од 1966, двапати член на Президиумот на Народното собрание (1947-1954 и 1962-1971), претседател на Бугарската академиjа на науките (БАН) во периодот 1947-1962Историски дел на страницата на БАН., по 1962 - почесен претседател на БАН, директор на Институтот по филозофија во БАН (1949-1952 и 1960-1977), почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели."Речник на бугарската литература", 3 том, Издавачка куќа на БАН, Софиjа, 1982, стр. 8-9.
По повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Народна Република Македонија на 7 октомври 1946 година одржал свечен говор во Народниот театар во Софија.
За Гоце Делчев и македонското национално движење
Извори
Надворешни врски Говор на Тодор Павлов по повод заминувањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Н. Р Македонија 1946 година, Софија.
Павлов, Тодор Павлов, Тодор Павлов, Тодор Павлов, Тодор Павлов, Тодор Павлов, Тодор Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Предавачи на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Странски членови на Српската академија на науките и уметностите Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките