() роман на шпанскиот писател Мигел де Сервантес во два дела: Досетливиот благородник Дон Кихот од Ла Манча (шпански: El ingenioso hidalgo don Quixote de la Mancha) од 1605 година и Досетливиот витез Дон Кихот од Ла Манча (шпански: El ingenioso cavallero don Quixote de la Mancha) од 1615 година. Сервантес создал измислено потекло за книгата засновано врз ракопис од маварскиот историчар, Сид Хамет Бенегели.

За темата Самиот Сервантес кон крајот на вториот дел вели дека немал друга цел со овој роман, освен да ги исмее лажните и неубави витешки романи, кои се разликуваат од вистината. Тоа била тешка задача, затоа што во тоа време биле многу распространети таквите романи, што ни царот ни разумните луѓе не можеле да ги забранат. Тоа што не можеле тие, го сторил еднаш засекогаш сатиричниот роман на Сервантес. „Дон Кихот“ засекогаш ја убил витешката книжевност, т.е. откако излегол првиот дел од романот, повеќе не бил отпечатен ниту еден витешки роман. Како Сервантес го постигнал тоа. Тој ни прикажува еден несреќен, безумен, но необичен човек. Дон Кихот е длабок мислител, човек со возвишена душа, со високи идеали и благороден. Сервантес го прикажал врз него погубното влијание на тогашната книжевност.

Прва книга Посвета Авторот му ја посветил книгата на војводата од Бехар, маркизот од Хибралеон, грофот од Беналкасар и Бањарес, виконтот на Пуебла де Алкозер, господарот на градовите Капиља, Куриел и Бургиљос.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 16.

Пролог Во предговорот, авторот му се обраќа на читателот со објаснување на целта на книгата и нејзиното создавање. Притоа, тој вели дека најтешко при пишувањето на книгата му било создавањето на предговорот и дека повеќепати се откажувал по неуспешните обиди. Причината за тоа било тоа што авторот не сакал во книгата да ги стави вообичаените украси од тогашните книги: бројни цитати од античките философи, извадоци од Светото писмо, епиграми, записи на маргините, богата библиографија и сонети напишани од благородници. Поради овие тешкотии, авторот дури сакал да се откаже од објавувањето на романот. Меѓутоа, еден негов пријател го охрабрил, советувајќи го да се послужи со некои трикови: самиот да состави сонети и да ги потпише со измислени имиња, да наведе бројна литература која божем ја консултирал итн. Меѓутоа, според советот на пријателот, наместо вообичаените украси, многу поважно е книгата да биде напишана со прости, значајни и чесни зборови, со јасни мисли и со звучни и свечени реченици.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 17-23.

Пофалби Пред почетокот на главното дејство на романот, ставени се една пофална песна и девет сонети во кои се слават книгата и нејзините главни ликови, Дон Кихот, Дулсинеја и Санчо Панса, како и коњот на витезот.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 25-33.

Прв дел: Глава I-VIII Во едно место во Манча живеел човек со презиме Кихада или Кесада, кој бил толку голем љубител на витешките романи, што постепено го загубил разумот и почнал да мисли дека е вистина она што пишува во романите. Оттука, тој решил да стане осамен витез-скитник и да патува по светот, борејќи се против неправдата и злото. Тој се нарекол себеси дон Кихот од Манча, на коњот му дал име Росинанте, а за своја дама избрал една селанка која ја нарекол Дулсинеја. Еден ден, дон Кихот го напуштил својот дом и пристигнал до една меана, претставувајќи се како витез, а сопственикот се пошегувал со него воведувајќи го во витешкиот ред. Уште на самиот почеток, тој направил неколку трагикомични сцени предизвикани од неговите илузии дека се бори со злосторници и со други витези. Притоа, Дон Кихот бил претепан од некои трговци, но за среќа, еден селанец го однел во неговиот дом. Таму, додека закрепнувал од болките, селскиот свештеник ги запалил неговите витешки книги за да го заштити од нивното лошо влијание. Меѓутоа, дон Кихот повторно заминал во нови авантури при што го убедил селанецот Санчо Панса да му се придружи како негов штитоносец. Набргу, Дон Кихот видел ветерници во полето и ги нападнал, мислејќи дека се џинови, но во борбата претрпел големи повреди. Сепак, тој не се обесхрабрил и нападнал двајца свештеници, а потоа се борел против еден Баскиец.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 37-88.

Втор дел: Глава IX-XIV Во борбата против Баскиецот дон Кихот извојувал победа, но претрпел голема рана на увото. По „славната“ битка, дон Кихот и Санчо Панса го продолжиле своето патување при што сретнале група козари кои ги пречекале пријателски, ги нагостиле и му ја залечиле раната на Дон Кихот. Притоа, тие им ја раскажале приказната за несреќната судбина на момчето Хризостом кој извршил самоубиство поради невозвратената љубов од преубавата овчарка Марсела. Утредента, сите заедно присуствувале на погребот на Хризостом, каде се појавила Марсела. Слушајќи ја нејзината исповед, дон Кихот тргнал во потрага по неа.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 91-135.

Трет дел: Глава XV-XXVII Додека дон Кихот и Санчо Панса се одморале на една ливада, Росинанте им се придружил на кобилите што паселе во близината, а коњарите го претепале. Дон Кихот ги нападнал нив, но и тој и Санчо Панса биле претепани и едвај дошле до некоја меана, каде повторно биле вовлечени во тепачка. На заминување, дон Кихот не сакал да плати за престојот и успеал да избега, но присутните гости грубо си поиграле со Санчо Панса. Набргу, дон Кихот видел две стада овци и, мислејќи дека се две големи војски, „јуначки“ ги нападнал, но овчарите му ги скршиле забите. Сепак, неуморниот витез пронашол нови предизвици: најпрвин нападнал група свештеници за кои во темнината на ноќта помислил дека се ѓаволски суштества; потоа нападнал еден бербер чиј леген го заменил со шлемот на еден славен витез од романите; најпосле, ослободил група затвореници и веднаш започнал борба со нив, зашто одбиле да ја посетат Дулсинеја. Скитајќи низ планината Сјера Морена, дон Кихот запознал еден човек со име Карденио кој, поради љубовното разочарување, се определил да живее осамен и дивјачки живот. Меѓутоа, додека им ја раскажувал својата животна приказна, Карденио ги навредил витешките книги, а тоа довело до тепачка меѓу него и слушателите. Наскоро, дон Кихот и Санчо Панса се разделиле: инспириран од витешките книги, дон Кихот одлучил да остане во планината за да страда во името на љубовта кон Дулсинеја, а неговиот штитоносец тргнал кон родното место, со задача да ѝ однесе писмо на Дулсинеја. Притоа, бидејќи Санчо Панса го изгубил магарето, дон Кихот му го позајмил Росинате. Меѓутоа, кога дошол до блиската меана, Санчо Панса ги сретнал попот и берберот, кои тргнале во потрага по дон Кихот. Така, тројцата се вратиле во планината Сјера Морена, каде попот и берберот го сретнале Карденио, кој им раскажал за својата несреќна судбина: тој бил вљубен во убавата Лусинда, но благородникот дон Фернандо, служејќи се со измама, се венчал со неа, по што Карденио избегал во планината.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 137-282.

Четврти дел: Глава XXVIII-LII Наскоро, попот, берберот и Карденио здогледале убава девојка во планината, која им раскажала дека се вика Доротеја и дека одлучила да живее осамен живот откако била измамена од дон Фернандо, кој ѝ ветил дека ќе ја земе за жена, но наместо со неа, се оженил со Лусинда. Исто така, таа им го раскажала остатокот од приказната за Лусинда, чија венчавка со дон Фернандо пропаднала бидејќи таа ја открила својата љубов кон Карденио. Тогаш, Карденио ја убедил Доротеја дека треба да се вратат меѓу луѓето за да ја побараат својата среќа. Потоа, Доротеја се преправила како ќерка на некој крал и го замолила дон Кихоте да ја спаси. Така, сите заедно успеале да го убедат дон Кихоте да ја напушти планината. На враќање, тие застанале во истиот конак каде дон Кихот и Санчо Панса доживеале непријатности. Таму го оставиле дон Кихот да преспие, а попот на останатите им ја прочитал новелата за двајцата пријатели од Фиренца, Анселмо и Лотарио: За да ја провери верноста на младата и убава сопруга Камила, Анселмо го наговорил Лотарио да ѝ се додворува, но тие започнале љубовна врска, држејќи го Анселмо во заблуда. Меѓутоа, на крајот, приказната завршила трагично - Камила побегнала и го завршила животот в манастир, Лотарио загинал во војна, а Анселмо умрел од мака. За тоа време, дон Кихот сонувал дека се бори со џин при што со мечот ги дупнал мевовите со виното на меанџијата. Наеднаш, во конакот пристигнала група луѓе кои придружувале убава млада жена за која се открило дека била Лусинда, а нејзиниот придружник бил дон Фернандо. Имено, по неуспешната венчавка, Лусинда побегнала во еден манастир, но по неколку месеци, дон Фернандо ја открил и ја грабнал. Така настанал неочекуван пресврт во кој Лусинда пак го сретнала саканиот Карденио, а дон Фернандо ѝ се вратил на Доротеја.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 285-400.

Потоа, во конакот дошол еден човек со својата жена, Зораида (Маварка која побегнала од татковината за да стане христијанка) и на присутните им ја раскажал својата животна приказна: како станал воин, потоа бил заробен од Турците и долги години живеел во Цариград и во Северна Африка, но успеал да побегне благодарение на Зораида. Тогаш, во конакот случајно пристигнал и неговиот брат, кој во меѓувреме станал судија и така двајцата браќа повторно се сретнале по долги години. Истовремено, во конакот пристигнало и младото момче дон Луис, кое ја следело саканата Клара, ќерката на судијата. Најпосле, во конакот се појавил и берберот кому дон Кихот и Санчо Панса му ги зеле легенот и самарот и тогаш започнала општа тепачка, а кавгата продолжила кога пристигнале и полицајците со налог да го уапсат дон Кихот поради тоа што ги ослободил заробениците. Тоа било знак за присутните дека треба да го напуштат конакот и попот ги убедил да го затворат дон Кихот во кафез, по што попот и берберот се збогувале со останатите и тргнале да го вратат дон Кихот дома. Патем, тие сретнале еден свештеник со кого попот имал долга дискусија за штетноста на витешките книги. Цело време, Дон Кихот бил мирен во кафезот, верувајќи дека сето тоа е дело на некој злобен волшебник. Затоа, по некое време, тој бил ослободен, но набргу, поттикнат од своите витешки побуди предизвикал тепачка со еден козар, а потоа нападнал и поворка од свештеници и селани при што бил тешко повреден. По неколку дена, попот, берберот, Санчо Панса и дон Кихот пристигнале во своето село. На крајот од романот, авторот дава соопштение за третиот поход на дон Кихот, повикувајќи се на некои записи со сонети испеани во негова чест.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 1. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 401-555.

Втора книга Пролог и посвета Во прологот, Сервантес се брани од увредите нанесени од анонимниот автор кој, исто така, објавил книга за дон Кихот, воден од стремежот да стекне слава или пари. Истовремено, во обраќањето кон читателите, Сервантес ги најавува своите следни дела.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 9-12. Слична содржина има и посветата на грофот од Лемос.Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 13-14.

Глава I-XVIII