Мадарскиот коњаник е прабугарски релjеф, кој се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара во Шуменската област. Од 1979 година е во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Како пример за карпеста уметност од раниот Среден век нема аналогии во Европа. Релjефот е на 23 метри висина над теренот на карпа, висока скоро 100 метри. Составен е од обрнат кон десно коњаник, кој прободува лав со своето копје, а позади коњот оди пес. Бил изграден во почетокот на 8 век од бугарските канови во близина на првата бугарска метропола Плиска. Недалеку од коњаникот е изграден и пагански центар, за кој се претпоставува дека бил верскиот центар на Првото Бугарско Царство во претхристијанскиот период. Околу релjефот бугарските канови Тервел (695-721), Крум (796-814) и Омуртаг (814-831) ставиле натписи со историска содржина.Веселин Бешевлиев, "Първобългарски надписи", Издателство на Българската академия на науките, София, 1979, стр. 94.
На 29 јуни 2008 г. 25,44% од 1.058.473 вкупно гласачи го избраале за бугарски симбол, кој би бил ставен на идните бугарски монети на еврото.Страница на Националната кампания Българските символи .
Натписи Мадарските натписи (датирани на почетокот од 8 век) се наоѓаат околу Мадарскиот коњаник. Поделени се на три делови. Натписите се изгравирани во карпи, на грчки јазик со грчки букви, и според историчарите најстар е текстот на канот Тервел (695-721). Другите натписи ги спомнуваат хановите Крум (796-814) и Омуртаг (814-831). Тие се многу оштетени и тешко може да се добие целосното нивно значење.
Натпис I c
... на Бугарите... и дошол кон Тервел. На носоотсечениот император не му поверуваа моите чичковци во Солун и се вратија во Кисиниите... негов еден... преку договор вождот Тервел му даде на императорот... 5 илјади... императорот заедно со мене победи добро.
Натписи II а и b
...тој даде жолтица... жолтици вождот... вождот... Грците... што ти давав секоја година, ќе ти давам, затоа што ми помогна... секоја година ќе ти даваме и при вождот императорот испрати... и помоли вождот Крум... вождот... како распределуваше жолтиците... започнаа... даде од... вождот Крум подари...тоа езеро... ти направи... вождот го растурија договорот... војната... тогаш... име...
Натпис III
... беше хранен... растурија и од богот Омуртаг вождот... испрати... помогни ми...Веселин Бешевлиев, "Първобългарски надписи", Издателство на Българската академия на науките, София, 1979, стр. 94.
Наводи
Поврзано Мадарски натписи
Надворешни врски Мадарскиот коњаник во списокот на УНЕСКО Старословенски натписи
Категорија:Светско наследство во Бугарија Категорија:Натписи Категорија:Прво Бугарско Царство