thumb|right|300px|Административни единици и шидинзи на Ман Локалната управа (, ) на островот Ман се заснова на древните парохии (parishes). Постојат три вида на локални административни единици: месни заедници (borough corporations), градски комисии (town commissions) и парохиски комисии (parish commissions).
Шидинзи Ман се дели на шест административни подрачја наречени „шидинзи“ (sheadings). Шесте шидинзи се Ајр, Гленфаба, Гарф, Мајкл, Рашен и Мидл. Шидинзите се основа за некои парохии и секоја има свој иследник (coroner). На островот Ман, иследниците ги имаат должностите кои во Обединетото Кралство им припаѓаат на шерифот или судскиот извршител. Меѓутоа оваа функција не е иста што и функцијата на судскиот иследник, улога која обично ја исполнува вишиот судски извршител. Едно лице може истовремено да биде иследник во повеќе од еден шидинг.
Парохии Парохиите (parishes) влечат црковни корени, и се мисли дека се воведени на островот во [XI век] од Шкотска, по посновањето на епископијата во X век. Парохиските граници првично ги отсликувале физичките особини на подрајчето.
Парохиите на секој шидинг на Ман се:
Ајр — Ендреас, Брајд, Лезајр Гарф — Лонан, Могхолд, Онкан Гленфаба — Џерман, Патрик Мајкл — Балаф, Џарби, Мајкл Мидл — Бредан, Мароун, Сентон Рашен — Арбори, Рашен, Мелју
Локалната управа денес Бр. на картата Единица Тип Шидинг Изборна единица 1Ендреас парохија АјдрАјр2Арбори парохијаРашенРашен3Балаф парохијаМајклМајкл4Бредан парохијаМидлМидл5Брајд парохија Ајр Ајр6Каслтаун градРашенКаслтаун7Даглас градМидлДаглас Ист, Даглас Вест, Даглас Норт и Даглас Саут8Џерман парохијаГленфабаГленфаба9Џарби парохијаМајклМајкл10Лекси селоГарфГарф11Лезајр парохијаАјрАјр12Лонан парохијаГарфГарф13Мелју парохијаРашенМелју и Сентон14Мароун парохијаМидлМидл15Могхолд парохијаГарфГарф16Мајкл округМајклМајкл17Онкан округМидлОнкан18Патрик парохија ГленфабаГленфаба19Пил градГленфабаПил20Порт Ерин селоРашенРашен21Порт Сент Мери селоРашенРашен22Ремзи град Гарф Ремзи23Рашен парохијаРашенРашен24Сентон парохијаМидлМелју и Сентон
Наводи Прирачник на локалната управа „Манска тетратка“ — Парохии од Френсис Коукли
Категорија:Управување со Ман Ман Категорија:Ман