Ема Шарлот Дуер Вотсон (, родена ) — е англиска глумица, која се прославила со улогата на Хермиона Гренџер, една од трите главни улоги во филмскиот серијал за „Хари Потер“.
Животопис Вотсон одржувала врска со британскиот играч на рагби Метју Џени, но врската се распаднала на крајот на 2014 година. Потоа, во медиумите се појавиле гласови дека тајно се гледала со британскиот принц Хари. Меѓутоа, во февруари 2015 година, на својот профил на „Твитер“, Вотсон ги демантирала таквите озборувања.„За наводната врска со принцот Хари“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 24.
Филмска кариера Вотсон била одбрана да ја глуми Хермиона кога имала само девет години, а претходно имала глумено само во училишни претстави. Од 2001 до 2007 година, таа глумела во пет филма од серијалот за „Хари Потер“, заедно со Даниел Редклиф и Руперт Гринт, а глумела и во последните две продолженија: „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од 2009 година, како и во двата дела од „Хари Потер и Реликвиите на смрта“. За работата во серијалот за „Хари Потер“ Вотсон има добиено неколку награди, а заработила над 10 милиони долари.
Во 2007 година, Ватсон изјави дека учествува во два не-Хари Потер филма: адапцијата на романот Чевли за балет и еден анимиран филм, Приказната за Деспероу. Чевли за балет се прикажуваше на 26 декември 2007 на публика од 5.2 милиони и Приказната за Деспероу, заснован на приказната на Кејт Ди Камило, се прикажуваше во 2008.
Филмографија Година Наслов Улога2001Хари Потер и Каменот на мудростаХермиона Гренџер2002Хари Потер и Одајата на тајнитеХермиона Гренџер2004Хари Потер и Затвореникот од АзкабанХермиона Гренџер2005Хари Потер и огнениот пехарХермиона Гренџер2007Хари Потер и Редот на фениксотХермиона Гренџер2007Чевли за балетПаулин Фосил2008Приказната за ДеспероуПринцезата Пеа2009Хари Потер и Полукрвниот ПринцХермиона Гренџер2010Хари Потер и реликвиите на смртта – 1 делХермиона Гренџер2011Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 делХермиона Гренџер2011Мојата недела со МерилинЛуси2012Привилегијата да се биде срамежливСем2013Блинг рингНики2013Ова е крајотСебеси2014НоеИла2015КолонијаЛена2015РегресијаАнгела Греј
Наводи
Надворешни врски
Официјалната страница на Ема Ватсон
Водич за глумците во Хари Потер на BBC
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Англиски глумици Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет Категорија:Живи луѓе