1230-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1230 година и завршила на 31 декември 1239 година.
Настани
1230
9 март - Битка кај Клокотница: Бугарскиот цар Иван Асен II го поразува Теодор Ангел Дука Комнин. По ова, Бугарија бргу ја проширила контролата врз повеќето територии на Теодор во Тракија, Македонија и Албанија. Латинското Војводство Филипопол и независното кнежевство на Алексиј Слав, исто така, биле припоени кон Бугарија. Пиринејски Полуостров - Битка кај Аланхе: Алфонсо IX Леонски го поразува Ибн Худ ел-Јамани. Овој успех го отвора патот до Бадахос. 10 август - Султанот на Селџуците, Кајкубад I, го поразува персискиот шах Џелал ед-Дин Менгуберди, завршувајќи го владеењето на Хорезмиската династија. Крај на владеењето на династија Сена во Бенгал. 24 септември - Кралство Леон и Кралство Галисија се обединуваат со кралствата на Кастиља и Толедо, на чело со Фердинанд III на Кастилски. Сундијата Кеита започнува да владее со Царство Мали (приближен датум). Во Западна Африка во село Сиби, Сундијата Кеита ги принудува Мандинките да дадат заклетва за верност. Создадена е „Кармина Бурана“. Создаден е „Болоњски псалтир“ (приближна дата). На власт во Тавантинсују доаѓа вториот познат Сапа Инка Синчи Рока, наследувајќи го Манко Капак. По враќањето на Фридрих II, папските трупи го напуштаат Неапол а царот склучува мир со Папа Григориј IX, повлекувајќи ја екскомуникацијата. На чело на Бохемија доаѓа Венцеслав III. Успенската катедрала во Киев е разрушена од земјотрес. За првпат се споменува градот Алтландсберг. За првпат се споменува градот Милберг (Бранденбург). Гетинген добива градски права. За првпат се споменува градот Мајнинген. Изграден е замокот во Хадли Фарм.
1231
9 април - Жолтеникави облаци и прашина го задушуваат воздухот околу Хангџоу, Кина, што го замаглува небото и сонцето, а пожарот се распространува на југоисток од градот, кој продолжува да се шири и следниот ден. Борбата против пламенот оди тешко поради ограничената видливост. Кога пожарите биле изгасени, откриено е дека целата област од околу 10.000 куќи во југоисточниот дел на градот биле целосно уништени. Монголските војници ја преминале реката Јалу во Кореја. Освоен е градот Согут од страна на Ертугрул, татко на Осман I. Италија: Фридрих II ги издава т.н. Устави од Мелфи, збирка на закони за Кралство Сицилија, како и указот од Салерно, кој го регулира користењето на медицината и одделувањето на професиите лекар и аптекар. Ливелин Велики започнува поход против норманските господари во Велс. Шпанија: Кралство Кастиља го освојува градот Кесада За првпат се споменува градот Бад Либенверда. Ричард, првиот ерл од Корнвол се жени со Изабела Маршал.
1232
8 април - Во Кина започнува опсада на престолнината Кајфенг против монголските сили. 30 мај - Свети Антун Падовански е канонизиран од Папа Григориј IX во Сполето, помалку по една година по неговата смрт. 15 јуни - Битка кај Ариди: Анри I Кипарски ги поразува силите на царот Фридрих II. 16 јули - Мухамед Ибн Јусуф Ибн Наср е избран за владетел на Архона. Тој се бунтува против владетелот на ел-Андалус, Ибн Худ ел-Џадами, и ја презема контролата над градот. На тој начин е поставена основата на Насридската династија. Италија: Папа Григориј IX, поради револт од Рим, се засолнува во Анањи. Фридрих II го издава Statutum in favorem principum. Арман де Перигор станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари. Силите на Алмохадите го опколуваградот Сеута, каде што Абу Муса, бунтовничкиот брат на калифот, добил засолниште и поддршка од населението. Џенова им дава дел од својата флота на бунтовниците, кои успешно се спротивставуваат на силите на калифот Последиците од овој револт се тројни: градот станува де факто независен од Алмохадите, но се потпира на италијанските поморски сили, а патот на транссахарската трговија започнува да се менува кон исток, поради локалните превирања. Првото издание на „Трипитака Кореана“ е уништено монголските сили.
1233
26 февруари - Монголските сили успеваат да го освојат Кајфенг. Зима - Шпанија: по загубата на Трухиљо и Убеда, Ибн Худ ел-Џамади морал да побара примирје од кралот на Кастиља, Фердинанд III. Кастилските војници го опседнуваат муслиманскиот град Пењискола. Бунтовнчкиот град Сан Северо е освоен од Фридрих II. Елбург и Гендт ги добиваат своите градски права. Амадеј IV Савојски станува гроф од Савоја Папа Григориј IX им забранува на Евреите да вработуваат христијански слуги. Кардиналот Конрад напишал писмо во кое го истакнал ересот на папата во Босна. Започнува да се гради црквата Свети Павле во Цариград. Декември - Монголската опсадата на Caizhou започнува. Основана е медресата Мустансира во Багдад.
1234
Регионот каде живееле Мандените, кренале востание против Царство Сосо. Ова е почеток на процесот кој ќе доведе до подем на Царство Мали. По смртта на Кнут II Шведски, соборениот Ерик XI Шведски се враќа на престолот на Шведска. Папа Григориј IX повикува на Босанска крстоносна војна, и го заменува Поп Богомил со католичкиот доминикански германски епископ со име Јохан. Кралот Андреј II Унгарски се прогласува за бан на Босна, и покрај тоа што Матеј Нинослав бил законски наследник. Саншу II Португалски ги освојува градовите на Алжуштрел и Мертола. Основан е градот Итерзен. Основан е градот Штралзунд. Папата Григориј IX го издава Decretales Gregorii IX.
1235
Основано е Господство Верле. Конахт е освоен од норманските сили предводени од Ричард де Бург. Општа инквизиција започнува во Франција. Византискиот цар Јован III Дука Ватац и бугарскиот цар Иван Асен II започнуваат опсада на престолнината на Латинското Царство, Цариград. Анџело Сандо успешно преговара за двегодишно примирје. Елизабета Унгарска е канонизирана за светица од Папа Григориј IX. веројатна дата - Основана е Ланкастерска Кралска Гимназија во Англија. приближна дата - Битка кај Кирина: Принцот Сундијата Кеита го поразува Царство Сосо. Папата му дава поддршка на Фридрих II во својот спор против синот Хенрик. Синот е поразен, затворен и однесен во Апулија. Во Шпанија, арагонскиот крал Јаков ги освојува Мајорка, Ибица и Менорка. На чело на унгарскиот престол застанува Бела IV. За првпат се споменува градот Фридланд (Бранденбург). За првпат се споменува градот Дебрецин. За првпат се споменува градот Ошерслебен. Градот Малхов добил градски права. За првпат се споменува градот Дебрецин.
1236
14 јануари - Хенри III се оженува со Елеонора Прованска. 1 мај - Разија Султана е назначена за наследник на нејзиниот татко во Султанат Делхи. 6 мај - Умира Роџер Вендовер, бенедиктински монах и летописец во Сент Олбанс. 29 јуни - Кордоба е освоена од кастилските војници, како дел од Реконквистата на Пиринејскиот Полуостров. Големата џамија е претворена во римокатоличка катедрала. 22 септември - Битката кај Соул: Литванците ги победуваат Ливонските браќа на мечот. Волшка Бугарија е освоена од страна на монголските сили на чело со Бату-кан. Турнир во Англија се претвора во битка помеѓу северните и јужните граѓани на кралството, но мирот е обновен од страна на папскиот легат. По поразот на Хенрик од својот татко, царот Фридрих II, во комуната повторно се создава Ломбардскиот Сојуз. Со помош на Фридрих II, Езелино III застанал како управител на градот Падова. Престанува регенството на Бланка Кастилска над својот син Луј IX Светиот. Плен добива градски права. Дутинхем добива градски права. Создавање на бугарската воена флота, по наредба на царот Иван Асен II. Во тоа време, Бугарија излегува на три мориња, па царот неминовно сметал дека му е потребен таков опфат за да може да се спротивстави на соседните непријатели, наредувајќи да се изградат 25 галии. 4 од 58 окрузи во Сичуан, Кина, се освоени во Сунг од страна на монголските сили, на чело со Огатај-кан. Во есента 1236 година, монголеките орди со околу 35.000 стрелци, ја преминале реката Волга и ја нападнале Волшка Бугарија. По една година тие успеале да ја заземат целата нејзина територија
1237
Томас II Савојски станува гроф Фландрија. Основан е градот Елблонг во рамките на Држава на Тевтонскиот Ред (денес Полска). Бату-кан со сила од околу 150.000 Монголци, Турци и Персијци ја продолжува инвазијата кон Русија и Европа. Гвалдо Тадино, Италија, е зафатен од голем пожар. Грофовија Артоа е основано во Франција. Болдвин II Цариградски станува цар на Латинското Царство. Конрад IV станува Крал на Германија. Ливонска крстоносна војна: По поразот во Битката кај Сауле, Ливонските браќа на мечот се апсорбираат во Тевтонскиот ред, како автономен Ливонски орден. . Битка кај Кортенова: Фридрих II го поразува Ломбардскиот Сојуз. Еден голем пожар уништува околу 30.000 станови во кинескиот главен град Хангџоу. Градот Кириц добива градски права. Градот Плоцк добива градски права. Епископот Ришки го изградил замокот Кројцбург.
1238
4 март - Монголска инвазија на Русија - Битка кај реката Сит: Монголските Орди на Бату-хан ги поразуваат Русите, на чело со Јуриј II. 28 септември - Јаков I го освојува градот Валенсија од Маврите, кои се повлекуваат во Гранада. Седиштето на Патријархот од Аквилеја е префрлено во Удине. Симон V Монфорт се оженува за Елеонора Лестерска, сестра на Хенри III. Ливонскиот ред ја предава Северна Естонија на Данска. Монголските Орди освојуваат Москва, во тоа време мал град. Осветена е катедралата во Питерборо. Основачот на Насридската династија, Мухамед I, ја започнува изградбата на Алхамбра. Основан е Манастир Товадра во Бутан. За првпат се споменува градот Ошац. За првпат се споменува градот Лесниц. Ицехо добива градски права. Реновирена е црквата Сант Еусебио во Рим. Основано е Кралство Сухотај во Тајланд.
1239
20 март - Папа Григориј IX го екскумуницира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. ноември - Папа Григориј IX дава согласност за крстоносна војна против муслиманското кралство Мурсија Фридрих II ја спроведува опсадата на Фаенца. Главната кула на Линколнската катедрала во Англија паѓа. Монголците го нападнале Тибет, уништавајќи будистички манастири. Уништен е градот Чернигов од страна на монголските сили, заедно со Тројскиот манастир. За првпат се споменува градот Тритау. За првпат се споменува градот Зичиујфалу. Перлеберг добива градски права. Николо Да Конти го публикува своето патешествие до Индија и Југоисточна Азија. Востаните предводено од популарниот проповедник Баба Ишак во Иконискиот Султанат.
Наводи
Категорија:13 век