thumb|right|250px|Свети Антониј го мачат демони, слика од Мартин Шонгауер, од 1480-те.

Во религијата, фолклорот и митологијата, демонот (од грч. δαίμων) е натприродно суштество општо опишано како лош дух. Во христијанството со терминот „демони“ се опишуваат „паднатите ангели“ кои порано биле дел од Господ. Демонот често се опишува како сила која може да се привикува и понекогаш да се контролира. „Добрите“ демони често се користат во литературата, а ги има кај Хесиод и Шекспир.; Антониј и Клеопатра чин II, сцена 3 Во секојдневниот говор, „демонизирање“ на некој човек значи да се прикаже тој човек како зло или извор на злото.

Демонот како тема во уметноста и во популарната култура „Демон“ - поема на рускиот поет Михаил Лермонтов.Dušanka Perović, „O Ljermontovu“, во: M. Ljermontov, Junak našeg doba. Beograd: Rad, 1962, стр. 160. „Демони“ (руски: Бесы) - роман на рускиот писател Достоевски. „Демонот и госпоѓицата Прим“ - роман на бразлискиот писател Пауло Коелјо од 2000 година. „Демон“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 81. „Далечни братучеди на демоните“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 250. „Демон наречен Измама“ (англиски: Demon called Deception) — песна на американската рок-група Grant Lee Buffalo од 1994 година.AllMusic, Mighty Joe Moon (пристапено на 11.11.2022) „Автобус за Велзевул“ (англиски: Bus To Beelzebub) — песна на американската рок-група Soul Coughing од 1994 година.Soul Coughing – Ruby Vroom (пристапено на 11.3.2024) „Неонскиот демон“ (англиски: The Neon demon) - филм на режисерот Николас Виндинг Рефн од 2016 година.Ѓорѓи Јаневски, „Неонскиот демон“, Економија и бизнис, година 18, број 222/223, декември 2016/јанауари 2017, стр. 94-95.

Наводи

Категорија:Окултизам Категорија:Мистицизам Категорија:Демонологија Категорија:Митологија