Четири божиќни прослави ( или Four Holidays во Австралија и Нов Зеланд) е божиќна романтична комедија која се работи за еден пар кои оди да ги посети нивните четворица разведени родители во еден ден. Филм е продуциран од Spyglass Entertainment а издаден од New Line Cinema на 24 ноември 2008, ден пред Денот на благодарноста и е дистрибутиран од Warner Bros. Pictures. Главни улоги се Винс Вон и Рис Витерспун кои го глумат заљубениот пар. Сиси Спејсек, Мери Стинбурген, Кристин Ченовет, Џон Војт, Џон Фејвру и Руберт Дуввал се појавуваат во споредни улоги. Ова е прв вистински филм режиран од Сет Гордон.Holiday Movie Sneaks — Four Christmases: Their wishes finally came true from the Los Angeles Times
Синопсис
Утрото на Божиќ, Кејт и Бред, кои живеат заедно, непријатно ќе се изненадат од маглата, бидејќи тоа значи дека нема да можат да заминат на планираниот егзотичен одмор туку ќе мора да останат дома за празникот, кој секоја година одбегнуваат да го прослават со своите семејства бидејќи тоа значи и четири различни божиќни прослави. Нивните родители се разведени па тоа Божиќната прослава ќе се сведе на посета на четири различни домови. Додека Бред одвај чека да заврши сето тоа и да помине метежот од родители, нивните втори брачни другари, сестри, браќа, внуци и други роднини, Кејт почнува да размислува за нивниот живот и почнува да се преиспитува дали можеби сепак изборот на нивните семејства за таков семеен живот е вистинскиот.
Глумечка екипа
Винс Вон како Орландо (Бред) МекВи Рин Витерспун како Кејт Џон Војт како Денвер Мекви Роберт Дувал како Хауард МекВи Џон Фејвру како Креитон Мери Стинбурген како Мерилин Сиси Спејсек како Паула Кристин Ченовет како Картин
Наводи
Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Комични филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Новогодишни филмови