Настани мини|Споменик на Големиот глад во Даблин 1840 — бил основан Нов Зеланд. 1842 — завршила Првата опиумска војна меѓу Кина и Обединетото Кралство. Според одредбите на Спогодбата од Нанѓинг Хонгконг им бил предаден на владеење на Британците, а истото завршило во 1997 година. 1844 — започнала Доминиканската војна за независност. 1845 — Големиот глад во Ирска довел до масовна емиграција. 1846 — започнала Американско-мексиканската војна. 1848 — завршила Американско-мексиканската војна со која САД оствариле контрола над Тексас и ги анектирале дотогашните мексикански поседи Аризона, Калифорнија и Ново Мексико. 1848 — Европа била погодена од бран револуции. 1848 — првпат е издадено делото на Карл Маркс и Фридрих Енгелс „Комунистички манифест“. 1848 — банот Јосип Јелачиќ го укинал кметството во Хрватска. 1849 — Доминиканската Република изборила независност од Хаити.

Личности

...

Откритија

...

Категорија:19 век Категорија:1840-ти