Нилски коњ (, од стаогр. ἱπποπόταμος (хипопотамос, ιππος хипос што значи „коњ“ и πόταμος потамос што значи „река“) — голем, претежно тревопасен африкански цицач, еден од двата преживеани видови од семејството на нилските коњи (другиот преживеан вид е пигмејскиот нилски коњ). Тој е најтешкиот претставник од парнокопитните животни.

Нилскиот коњ е полуводно животно, кое живее во реките и езерата на Потсахарска Африка во групи од 5 до 30 нилски коњи. Преку денот ја одржува температурата седејќи во вода или во кал. Парењето и породувањето се одвиваат во вода. Во квечерината излегуваат од вода за да се хранат. Додека се во вода, нилските коњи седат во групи (и до 40 единки), а пасењето е самотна активност.

И покрај нивната физичка сличност со свињите, нивните најблиски роднини сепак се животните од семејството на китовите (китови, делфини, итн.). Заедничкиот предок на нилскиот коњ и китот се одвоил од останатите копитари пред околу 60 милиони години. Најстарите пронајдени фосили кои спаѓаат во родот кенијапотам датираат од пред 16 милиони години.

Нилскиот коњ е лесно препознатлив по телото со облик на буре, огромната уста и заби, кратките набиени нозе и кожата без крзно. По големина е сличен на белиот носорог, само слонот е многу поголем од него. И покрај големината, нилските коњи се доста подвижни. На кратки растојанија можат да трчаат и 48 км/ч, што е побрзо од олимписки спринтер. Ова животно е едно од најагресивните животни во Африка. Денес се смета дека има помеѓу 125.000 и 150.000 нилски коњи во Потсахарска Африка, од кои 40.000 во Замбија и Танзанија, со најголема популација од 20.000 до 30.000 единки. Овој вид сè уште е загрозен од ловокрадството поради нивното месо и забите, како и од уништувањето на нивното природно живеалиште.

Таксономија и потекло Нилкиот коњ е род од семејството нилски коњи. Видот на пигмејските нилски коњи припаѓа на другиот род на пигмејски нилски коњи.

Постојат 5 подвида на нилски коњи кои се категоризирани според морфолошките разлики на нивните черепи и географската распределеност: H. a. Amphibius – од Египет каде денес се изумрени, по текот на реката Нил до Танзанија и Мозамбик H. a. Kiboko – Кенија и Сомалија H. a. Capensis – од Замбија до Јужна Африка H. a. Tschadensis – Западна Африка, Чад H. a. constrictus – Ангола, јужниот дел на Демократска Република Конго и Намибија

Предложените подвидови никогаш не биле целосно признати од биолозите, бидејќи морфолошките разлики се премногу мали и може да се последица на обична варијација меѓу единките. Валидноста на подвидовите била тестирана со анализи на митохондријалната ДНК. Анализирани се примероци од 13 локации, и авторите пронашле мали но сепак важни генетски разлики помеѓу H. a. amphibius, H. a. capensis, и H. a. kiboko. Подвидовите H.a. constrictus и H.a. tschadensis не биле вклучени во истражувањето.

Класификација right|250px|thumbnail|Череп на нилски коњ на кој се забележуваат огромните песјаци кои служат за борење

Нилските коњи заедно со останатите парнокопитни животни се класифицирани во редот Artiodactyla. Во овој ред спаѓаат животни кои не се многу сродни со нилските коњи, како камили, крави, елени и свињи.

Како што кажува и самото име, старите Грци ги сметале овие животни за блиски до коњите. До 1985 година, биолозите ги класифицирале заедно до свињите поради сличноста на катниците. Докази кои вклучуваат белковини од крвта, молекуларни анализи и ДНК, како и фосилни остатоци, покажуваат дека најблиски роднини им се cetaceans (китови, делфини) . Сепак иако се сметаат за најблиски живи роднини, нивните лози се одвоиле брзо по одвојувањето од останатите парнокопитни животни.

Еволуција Според најновата теорија за потеклото на Hippopotamidae, нилските коњи и китовите имале заеднички предок кој се одвоил од другите парнокопитни животни пред околу 60 милиони години. Овој хипотетичен предок се поделил на двете гранки пред околу 54 милиони години . Едната гранка еволуирала во денешните китови, најверојатно почнувајќи со пракитот Pakicetus пред 52 милиони години . Другата гранка еволуира во anthracotheres – семејство на четири-ножни животни од кои првите видови кои живееле во доцниот еоцен наликувале на слаб нилски коњ со многу помала глава од денешниот. Сите животни кои се развиле од ова семејство се изумрени за време на плиоценот, освен Hippopotamidae во кои спаѓа денешниот нилски коњ.

Еволуциската лоза отприлика би изгледала вака: видовите Anthracotherium и Elomeryx за време на еоценот и олигоценот, преку Merycopotamus и Libycosaurus во миоценот до последните видови од anthracotheres за време на плиоценот. Нивниот заеднички предок живеел во миоценот, пред околу 20 милиони години.

Hippopotamidae се верува дека еволуирале во Африка. Најстариот вид се смета дека е Kenyapotamus – род кој живеел пред 16 до 8 милиони години. Нилските коњи потоа се рашириле низ Европа и Азија, но не се пронајдени на тлото на Америка. Предокот на денешниот нилски коњ живеел во Африка и на средниот исток пред 7,5-1,8 милиони години.

Се смета дека двата денешни рода Hippopotamus и Choeropsis се одвоиле пред 8 милиони години.

Изумрени видови Одредени видови од родот Hippopotamus, како европскиот нилски коњ (H. antiquus) и Hippopotamus gorgops живееле на територијата на Европа и Британските Острови. И двата вида изумреле пред последното ледено доба. Предците на Европскиот нилски коњ живееле на многу острови на Средоземјето за време на плеистоценот.Petronio, C. (1995): Note on the taxonomy of Pleistocene hippopotamuses. Ibex 3: 53-55. PDF fulltext И двата вида биле за околу еден метар подолги од денешниот нилски коњ.

Џуџестите нилски коњи од Средоземјето живееле на Крит (H. Creutzburgi), Кипар (H. Minor), Малта (H. Melitensis) и Сицилија (H. Pentlandi). Кипарскиот џуџест нилски коњ се смета дека преживеал до доцниот плеистоцен или ран холоцен. Сѐ уште не се знае со сигурност дали изумирањето на овие видови се должи на активностите на човекот.

Особености thumb|right|200px|Глава од нилски коњ во зоолошката градина во Лисабон Нилските коњи се едни од најголемите цицачи. Тие живеат и во вода и на копно. Нивната специфична тежина им овозможува да се спуштат под вода и да одат или да трчаат по дното на реката. Овие животни се сметаат за дел од мегафауната, но за разлика од останатите животни кои спаѓаат во африканската мегафауна, нилските коњи се полуводни животни, адаптирани за живот во езерата и реките.

Поради нивната огромна тежина, тешко е да се измерат единките во дивината. Повеќето проценки се направени за време на проретчувањето на популациите во дивината за време на 1960-те години. Просечната тежина на возрасен мажјак се проценува помеѓу 1500 и 1800 килограми. Женките се помали и тежат помеѓу 1300 и 1500 килограми. Постарите мажјаци се потешки и достигнуваат тежина од 3200 кг, а понекогаш и до 4500 кг. Мажјаците нилски коњи се смета дека растат за време на целиот живот, додека женките достигнуваат максимална тежина на 25 години.

Нилските коњи во просек се долги 3,5 метри, а 1,5 метри високи до рамениците. По големина се слични со белиот носорог, па не може со сигурност да се каже кој е најголемото копнено животно после слонот. И покрај нивната големина, тие трчаат доста брзо. Се проценува дека брзината варира од 30 до 40 км/ч, но понекогаш достигнува и до 50 км/ч. Сепак нилските коњи можат да ја одржат оваа брзина само неколку стотини метри.

thumb|left|250px|Цртеж на скелет од нилски коњ

Животниот век на овие животни е 40 до 50 години. Најстариот нилски коњ во заробеништво е 57 годишната Дона. Таа живее во зоолошката градина Маскер во Евансвил, Индијана . Нилскиот коњ кој во заробеништво достигнал најголема старост е Танга, кој умрел во 1995 година на 61 година во Минхен, Германија.

Очите, ушите и ноздрите им се наоѓаат на врвот на главата. Ова им овозможува да седат со целото тело под вода или во калта на тропските реки за да ја одржуваат влажна кожата, но и како заштита од сончевите зраци. Скелетот на овие животни е адаптиран за да ја издржи огромната тежина. Како и останатите водни цицачи, и нилските коњи имаат многу малку влакна.

Око на нилски коњ во зоолошката градина во Сан Франциско|200px|thumb Кожата на нилските коњи лачи супстанција која е природна заштита од сончевите зраци. Оваа супстанција има црвена боја, поради што некогаш е позната и како „крвава пот“. Супстанцијата е всушност безбојна, но добива црвено-портокалова боја во рок од неколку минути, а може да стане и со кафена боја. Во неа се идентификувани два пигмента, црвен и портокалов. И двата пигмента се киселински соединенија и ја апсорбираат светлината која е во опсегот на ултравиолетовите бранови. Сите нилски коњи ги лачат овие пигменти кои ги синтетизираат од претходници како аминокиселината тирозин .

Распространетост thumb|left|200px|Нилски коњ во Танзанија

Hippopotamus amphibious бил распространет низ Северна Африка и Европа пред последното ледено доба. Овој вид бил вообичаен за регионите околу реката Нил во Египет, но денес е истребен. Плиниј Постариот напишал дека во негово време најдоброто место за ловење на ова животно е местото Саис. Денес нилските коњи можат да се сретнат во реките и езерата во Уганда, Судан, Сомалија, Кенија, северниот дел на Демократска Република Конго и Етиопија, западно до Гана и Гамбија, и во Јужна Африка (Боцвана, Јужноафриканска Република, Зимбабве, Замбија). Одвоени популации постојат и во Танзанија и Мозамбик.

Заштитен статус thumb|left|300px|Лов на нилски коњ (1617), од Петар Пол Рубенс Докази од направените генетски анализи покажуваат дека обичните нилски коњи во Африка се прошириле за време или после плеистоценот, како последица на зголемените водни површини. Овие сознанија се од голема важност за заштита на денешните популации кои се загрозени од губењето пристап до вода. Нилските коњи се исто така загрозени и од ловокрадството. Во мај 2006 година ова животно е класифицирано како ранлив вид на црвената список на МСЗП. Популацијата се проценува на 125.000 до 150.000 единки, намалување од 7-20% од студијата на МСЗП во 1996 година Database entry includes a range map and justification for why this species is vulnerable..

Популацијата на нилските коњи најмногу е намалена во Демократската Република Конго . Популацијата во Националниот парк Вирунга паднала на 800-900 единки од 29.000 во средината на 1970-те. Се смета дека ловокрадците се поранешни бунтовници од народот Хуту, слабо платените конгоански војници и локалните милициски групи.

Поведение Нилските коњи поминуваат поголем дел од денот тркалајќи се во вода или кал, заедно со останатите членови на нивното крдо. Водата ја одржува температурата на нивното тело и ја одржува влажна нивната кожа. Освен хранењето, нилските коњи речиси целиот живот го поминуваат во вода, вклучувајќи и парење, раѓање и борење.

right|thumbnail|200px|Возрасен нилски коњ излегува на површината на водата за да земе воздух секои 4-6 минути Нилските коњи излегуваат од вода во квечерината и шетаат на копното понекогаш и до 8 километри за да пасат трева. Тие пасат 4 до 5 часа, и можат да изедат до 68 килограми трева секоја ноќ. Како повеќето хербивори, тие ги јадат речиси сите растенија на кои ќе наидат, но нивната природна исхрана се состои најмногу од трева, додека исхраната со водни растенија е сведена на минимум. Сепак, иако хербивори, нилски коњи се снимени како јадат мрша. Има и други извештаи за нивна исхрана со месо, вклучувајќи и канибализам и грабливост. Желудникот на ова животно не е прилагоден за исхрана со месо, што значи дека овие ситуации се предизвикани од абнормално однесување или дефицит на храна.