Синагогата Ахрида (позната и како Охридска синагога) (турски:Ahrida Sinagogu) е еврејски храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција.

Овој објект бил изграден во 15 век од страна на евреите по потекло од Охрид, Република Македонија, кои имигрирале во Отоманското Царство. Синагогата е една од двете кои се наоѓаат на Златниот Рог.

во текот на нејзината историја, најчесто за името на синагогата се користел Ахрида, според името на градот. Евреите во Истанбул пристигнале од Пиринејскиот Полуостров во 1492 година, за време на Реконквистата.

Објектот бил реновиран во 1992 година, по повод 500-годипнината од пристигнувањето на евреите во Отоманското Царство.

Категорија:Синагоги во Истанбул Категорија:Фатих (Истанбул) Категорија:Златен Рог Категорија:Отомански синагоги