Дејан Велкоски, роден на година во Скопје, е млад македонски поет и писател.

Првите чекори во пишувањето ги прави во електронска форма, најчесто на блогови. Подоцна, од електронските записи ќе произлезат и текстовите што ќе го промовираат како поет и писател.

Првите објави, авторот ги прави во поетскиот алманах „Мугри“ кој го издава Сојузот на Студенти на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ Скопје. Прво објавено дело е еротската песна „Одисеја“, а прва песна со поголем успех е постмодернистичката "Cannabis Sativa". Сè до објавувањето на дебитантската збирка, авторот активно објавува во алманахот.

Во 2007 година, ракописот „Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија)“Creative Commons Македонија - „Б. (или поезија за луѓето што презираат поезија)“ победува на анонимниот конкурс за необјавена поетска книга, објавен од Сојузот на студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, по што од печат излегува првата книжевна творба на младиот автор.

На почетокот од 2008 година, како дел од едицијата „Блог-записи“Метаморфозис - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008], излегува второто печатено дело на Велкоски, збирката раскази „Последниот македонски хакер“Последниот македонски хакер, Скопје:2008; ISBN 978-9989-2398-7-8. Се работи за збирка куси раскази со ироничен тон, една своевидна критика на модерното општество и лично, речиси лирично гледање на стварноста од страна на авторот. За успехот на оваа збирка говори речиси распродадениот тираж од првото издание, како и изборот за лектирно дело во неколку училишта низ државата.

Истата година, во електронско издание, како е-книга, излегува и првиот роман, со наслов „Грабежот“ Криејтив Комонс Македонија - „Грабежот“ Објавен е под капата на Криејтив Комонс Македонија. Се работи за трилер роман со примеси од многу други жанрови. Приказна што постојано се движи по некоја тенка линија и за која читателот во ниту еден момент не е сигурен на што е. Првобитно, романот беше фељтонски објавуван на блог, како серија куси, циклично сврзани приказни.

Белешки

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје