Васил Григоров Василев (Цветков), (Петрич 1915 - Петрич, 2006) — македонски борец, учесник во партизанското антифашистичко движење во Пиринска, во Егејска и во Вардарска Македонија. Тој бил партизан од јануари 1944 година во ЕЛАС, потоа е еден од основачите на Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај политички комесар на чета и пом.политички комесар на баталјон во Втора македонска НОУБ и на Четиринаесетта македонска бригада. Учествувал на сите три заседанија на АСНОМ. 1949 година е уапсен од „Државна безбедност“ во Петрич по обвинување дека како агент на УДБА агитирал за присоединувањето на Пиринска Македонија кон СРМ, односно кон Југославија.Списък на арестувани агенти на УДБ от Пиринския край след реализацията на разработка „Изменник“ на ДС с кратка справка за извършваната от тях агентурна дейност и получените за нея възнаграждения, Горна Джумая, 14 януари 1949г, - ЦДА, ф.1б, оп.7, а.е.1560, л.5-10

Надворешни врски ЗАБОРАВЕН БОРЕЦ

Извори Политичкиот, националниот и социјалниот состав на народните претставници на Првото заседание на АСНОМ, „Гласник на ИНИ“, VIII/1, Скопје, 1964 АСНОМ. Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ, I, 2, Архив на Македонија, Скопје, 1984 АСНОМ. Документи од работата на Президиумот на АСНОМ меѓу Второто и Третото заседание на АСНОМ. I, 3, Скопје, 1987

Наводи

Категорија:Бугарски комунисти Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски борци Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ