Раул Гонсалес Бланко, попознат како Раул (роден на во ) - шпански фудбалер. Тој е трикратен освојувач на Лигата на Шампиони, а долго време бил најдобар стрелец во тоа натпреварување, со постигнати 64 гола. Исто така, долго време, Раул бил најдобар стрелец во сите натпреварување во организација на УЕФА, со вкупно постигнати 66 гола.

Клупска кариера

Раул ја има поминато својата кариера во Реал Мадрид и е еден од трите Шпанци кои се израснати во овој клуб (останатите се Икер Касиљас и Гути). Тој ја започна својата кариера во Ц тимот на Реал Мадрид во сезоната 1994/95. Но по по постигнувањето 16 гола на 7 натпревари брзо напредуваше па стигна и во првиот тим на Реал, под водство на тренерот Хосе Валдано. Тој стана најмлади играч кој заиграл за првиот тим на Реал Мадрид со само 17 години и 4 месеци. Својот втор гол го постигна на градскотот дерби против својот поранешен тим Атлетико Мадрид. Со 9 гола на 28 натпревари Раул му помогна на Реал да ја освои титулата во Ла Лига во сезоната 1994/95. Појавувањето на Реал се зголеми по заминувањето на напаѓачката легенда Емилио Бутрагуено, од клубот. Со тоа Раул доби повеќе шанса да се докаже. Тој постигна 19 гола и имаше повик од шпанскиот селектор Хавиер Клементе да му се приклучи на шпанскиот тим на ЕУРО 1996. Но на крај Клементе одлучи дека Раул е премногу млад (само 18 години) и не го повика за Европското првенство. Тој му дозволи да го изигра првиот меч за Шпанија дури следната есен. Раул понатаму освои уште 5 Ла лига титули и тоа во 1996/97 (постигнувајќи 21 гол),2000/01 (постигнувајќи 25 гола), 2002/03 ( постигнувајќи 16 гола), 2006/07 (постигнувајќи 7 гола) и 2007/08 (постигнувајќи 18 гола). Тој 2 пати беше најдобар стрелец во Ла лига (Пичичи) со постигнати 24 и 25 гола во сезинте 1998/99 и 2000/01. Тој со своите 211 гола е најдобар стрелец кој моментално игра во Ла лига, а севкупно 16ти. Тој се смета за најдобар напаѓач во модерниот фудбал во Европа.

Раул ја наследи капитенската лента од Фернандо Хиеро кога тој го напушти Реал во 2003 година. Тој покажа дека е водач за респект. Тој од неговиот поранешен селектор, Луис Арагонез беше наречен “Крводарител“, поради тоа што дава повеќе од останатите во тимот.

Тој стана првиот фудбалер кој постиганал 50 гола во Лигата на Шампионите на натпреварот против Олимпијакос во групата. Тој продолжи да биди најдобар стрелец со постигнати 64 гола и изиграно 123 натпревари.

Раул издржа неколку тешки година за време на ерата на “Галактикосите“ со тоа што играше на различни позичи и ли често се движеше на теренот, а не на неговото добро познато место, во пеналтикот. Со ова се намалија головите на Раул и Раул не беше онаков како што беше порано. После доаѓањето на Фабио Капело, Раул се прероди и постигна неколку убави голови и му помогна на Реал да ја освои Ла лига во сезоната 2006/07, на големо изненадување. Неговата одлична форма продолжи со 18 гола во Ла лига и 5 гола во Лигата на Шампионите, но за негово големо разочарување на беше дел од победничката кампања на ЕУРО 2008.

После неколку години Раул наеднаш исчезна, но набрзо се појави по прогласувањето за еден од 50те најдобри фудбалери во светот. Тој во својата 14 годишна кариера нема добиено ниту еден црвен картон. На 11 ноември 2008 раул го постиган 300тиот гол за Реал со хет-трикот постигнат против Реал Унион и ако победи со 4-3 Рела изгуби на вкупен резулатат 6-6, поради гостинските голови.Раул постиган 300 гола

Раул има постигнато 304 гола за Реал и е блиску до рекордот на Алфредо ди Стефано кој изнесува 307 гола.

Интернационална кариера

Раул има постигнато 44 во 102 натпревари за шпанската репрезентација. Тој го изигра својот прв меѓународен натпревар против Чешка во октомври 1996. Тој ја наследи капитенската лента Од Фернандо Хиеро во 2002 година. Тој има играно на 3 Светски првенства (од 1998 до 2006), и на 2 Европски (2000 и 2004). Тој има постигнато најмалку по еден кој на секое Светско првеНаведена мрежна страницатво на кое настапил.

На 27 март 1999, Раул го постигна 800тиот гол во националната историја на натпреварот против Австрија, на кој Шпанија победи со 9-0.SOC: Шпанија 9 Австрија 0 - ААП спортски вести, на highbeam.com (Дел од артиклот) после 3 и пол години Раул го постигна и 900тиот гол за Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2004 против Грција на 7 септември 2002, на кој натпревар Шпанија победи со 2-0.Клиничката Шпанија направи перфектен старт - UEFA.com, 9/7/02

За Раул немаше место за ЕУРО 2008 покрај Фернандо Торес и Давид Виља. Изненадувачки тој не беше ни избран ни за замена (на негово место беше Даниел Гуиза). Од медиумите имаше многу критики зошто Раул не беше избран за ЕУРО 2008, а многумина и се сомневаја во работата на Луис Арагонез. Раул се сретна со Арагонез 2 месеци пред Европското првенство. Тогаш склучија договор дека никој од нив нема лични проблеми со другиот. Па според тоа тоа што Раул не беше избран било фудбалски проблем. Пресот на оваа конференција ги разјасни сите дилеми и ги спречи понатамошните контроверзии и ја остави Шпанија мирно да оди по патот кон титулата на ЕУРО 2008.

Приватен живот

Многу години, Раул го прославуваше дадениот гол со бакнување на бурмата од неговата сопруга, шпанскиот модел, Мамен Санз. Раул исто така г опрославуваше дадениот гол со покажувавање на двата палци кон името на грбот. Раул има 4 сина: Јорге, кому името му е даден според човекот кој му даде шанса за првпат да заигар за Шпанија, шпанскиот селектор Јорге Валдано, Хуго, според името на Рауловиот херој од детството Хуго Санчес и близнаците Хектор и Матео, кој го добил името според познатиот Германски фудбалер Лотар Матеус. Тој ужива во читањето, осбобено кога ги чита книгите на Артуро Перес Реверте. тој исто така сака да слуша Шпанска музика, тој е добар во ловењето и во тепањето со бикови.

Статистика Голови во клубот

Последно проверено: 11 декември 2008.

|1990-91||Атлетико Мадрид (Инфатил)|||||||||||||||||| |- |1991-92||Атлетико Мадрид (Кадети Б)|||||||||||||||||| |- |1992-93||Рал Мадрид (Кадети А)|||||||||||||||||| |- |1993-94||Реал Мадрид (Јувенил)|||||||||||||||||| |- |1994-95||Реал Мадрид Ц||Терцера Дивизион||7||16||-||-||-||-||7||16 |- |1994-95||Реал Мадрид Б||Секунда Дивизион Б||1||0||-||-||-||-||1||0 |- |1994-95||rowspan="15"|Реал Мадрид||rowspan="15"|Ла Лига||28||9||2||1||colspan="2"|-||30||10 |- |1995-96||40||19||2||1||8||6||50||26 |- |1996-97||42||21||5||1||colspan="2"|-||47||22 |- |1997-98||35||10||1||0||12||2||48||13 |- |1998-99||37||25||2||0||8||3||47||28 |- |1999-00||34||17||4||0||16||11||54||28 |- |2000-01||36||24||0||0||12||7||48||31 |- |2001-02||35||14||6||6||12||6||53||26 |- |2002-03||31||16||2||0||12||9||45||25 |- |2003-04||35||11||6||6||9||2||50||19 |- |2004-05||32||9||1||0||10||4||43||13 |- |2005-06||26||5||1||0||6||2||33||7 |- |2006-07||35||7||1||0||7||5||43||12 |- |2007-08||37||18||1||0||8||5||46||23 |- |2008-09||13||6||1||3||5||3||19||12 496||211||35||18||126||65||657||304 496||211||35||18||126||65||657||304

Интернационални голови

Признанија

Реал Мадрид Ла Лига: 1994-95, 1996-97, 2000-01, 2002-03, 2006-07, 2007–08 Суперкопа де Еспања: 1997, 2001, 2003, 2008 Лига на Шампиони: 1997–98, 1999–00, 2001–02 УЕФА Супер Куп: 2002 Интеконтинентален Куп: 1998, 2002

Поединечно Premio Don Balón'' (Најдобар млад играч во Ла Лига): 1994-95 Најдобар голгетер во светот : 1999 Тим на годината: 1996-97, 1998-99, 1999-00 Пичичи трофеј: 1999, 2001 Лига на шампиони најдобар стрелец : 1999-00, 2000-01 Најдобар изграч според ФИФА, 3то место: 2001 Европск инајдобар играч, 2ро место: 2001 Најдобар напаѓач сопред УЕФА: 2000, 2001, 2002 Најдобар Шпански играч во Ла лИга: 1996-97, 1998-99, 1999-00, 2000-01, 2001-02 [Трофеј Алфредо ди Стефано: 2008

Награди Зладен медал за спортска Заслуга: 2006

Белешки

Надворешни врски Профил, награди и статистика - realmadrid.com Фудбалска архива на кариери, профили и статистики Прифили од ФИФА светски првенств Раул Гонсалес Бланко - Голови во меѓународни натпевари Раул Гонсалес Бланко - Голови на европско првенство Интервјуто на Отмар Хитцвелд Раул е вториот стрелец на Реал на сите времиња

Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалски напаѓачи Категорија:Фудбалери во Ла лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери на 2000 Европско Првенство Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери на 2004 Европско Првенство Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Луѓе од Мадрид Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:ФИФА 100