Хиените — членови на цицачи од семејството Hyaenidae и од редот Carnivora. Видовите од ова семејство се среќаваат во Африка и Азија, а тие се пругавата гиена и кафеавата хиена (од родот Hyaena) и дамчестата хиена (род Crocuta) и хиените од родот Proteles. Мршојадец е, што значи дека се храни со пцовисани животни, но е многу успешен ловец. Таа е дури и еден од врвните грабливци во своето живеалиште. Живее во групи - кланови, кои бројат и до 80 членови. Во клановите, женките се подоминантни од мажјаците и тие остануваат во истиот клан целиот свој живот, додека мажјаците заминуваат кога ќе пораснат. За лов, клановите се разделуваат на помали групи, од 3-5 членови, додека поголем плен, како зебри, ловат во поголеми групи.Освен во савани, живеат и во полупустини, честаци, па дури и во планински шуми. Женките котат најчесто две млади, иако може да ги има до четири и ги дојат уште 14-18 месеци. Хиените се познати по нивните гласови, кои наликуваат на кикотење. Меѓутоа дамчестата хиена произведува низа од различни гласови, кои се користат за меѓусебна комуникација. мини|Череп на Hyaena eximia мини|Черепен фосил на Crocuta macrodonta
Хиената како тема во уметноста и во популарната култура „Како петелот ја победил хиената“ — приказна на африканското племе Акамба.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 142-144. „Хиена“ (англиски: Hyena) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1986 година.R.E.M. – Lifes Rich Pageant (пристапено на 23.2.2024) „Хиена“ (англиски: Hyena) — италијански музички продуцент, изведувач, аудио-инженер и дизајнер на звукот.Hyena (3) (пристапено на 23.2.2024) „Хиена“ (англиски: Hyena) — шпанска рок-група.Hyena (18) (пристапено на 23.2.2024) „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на американската рок-музичарка Џохана Вент (Johanna Went) од 1982 година.Johanna Went – Hyena (пристапено на 23.2.2024) „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на британската џез-група Red Snapper од 2014 година.Red Snapper – Hyena (пристапено на 23.2.2024) „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на германската блек-метал група Serpent Eater од 2014 година.Serpent Eater – Hyena (пристапено на 23.2.2024) „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на шпанската рок-група Хиена од 2017 година.Hyena (18) – Hyena (пристапено на 23.2.2024)
Надворешни врски
Ритуал на хранење на хиените во Харар, Етиопија IUCN Специјалистичка група за заштита на Hyaendiae Хиена: Преглед на дивиот свет од Африканската фондација за див свет Robin M. Weare's Hyena pages Извадок за хиените од книгата на Ричард Д. Ест "Придружникот на сафари" (ISBN 1-890132-44-6) Механизам за вирилизација на женските дамчести хиени in utero Еволуција на хиените Брз водич - дамчеста хиена Хиените - дружељубиви и умни животни
Наводи
Категорија:Цицачи