Икер Касиљас Фернандес (роден на 20 мај 1981 во Мадрид, Шпанија) — Шпански фудбалски голман кој настапува за Порто и Шпанската репрезентација

Реал Мадрид

Икер Касиљас потекнува од подмладокот на „Реал“. Тој играл за јуниорите во „Реал“ за сезоната 1990/1991, но тој не дебитирал во првиот состав на „Реал“ дури до сезоната 1998/1999 кого го замени Бодо Илгнер и беше во почетниот состав на Реал следната сезона. Тој станал најмладиот голман кој играл во финале на Лигата на шампионите, кога Реал Мадрид ја победил Валенсија со резултат од 3-0, со само 19 години и 4 дена.

Касиљас ја загубил почетната позиција од Цезар Санчес по лошата игра во сезоната 2001/2002. Но Санчес се здобил со повреда во последните минути во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2001/02, во кое Реал победил со 2-1 над Баер Леверкузен. Санчес бил заменет од Касиљас, кој пак си ја зацврсти почетната позиција во „Реал“. Во февруари 2008, Касиљас склучил нов договор со „Реал“, со кој потпишал дека ќе остане во Реал до 2017.Скај Спорт - Касиљас и Реал му се доверија на Реал

Агентот на Касиљас се сретнал со претставниците на Манчестер Сити и ја одбил нивната понуда, со што се покажала верноста на Касиљас кон својот градски клуб.http://www.skysports.com/story/0,19528,11095_4581884,00.html

На 4 ноември 2014 година, со настапот против ФК „Ливерпул“, Касилјас го одиграл 144. натпревар во Лигата на шампионите, со што станал рекордер според бројот на одиграните натпревари во ова натпреварување.„Касилјас ороводец по бројот на настапите во ЛШ“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 24.

Порто Во сезоната 2015/2016, Касилјас потпишал за португалската екипа ФК „Порто“. Притоа, на 16 септември 2015 година, на натпреварот против „Динамо“ од Киев, тој го остварил својот 151. настап во Лигата на шампионите, со што го изедначил рекордот на Чави.„Меси со јубилеен 100. двобој, Венгер го претрпе 50. пораз“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 28.

Репрезентација

Касиљас дебитираше за Шпанската репрезентација на 16 години, и тој настапуваше за Шпанската репрезентација под 17 години. И беше најмлад играч кога Шпанската репрезенатција под 17 години кога беа вице-прваци на Светското првенство во Египет за помлади од 17 години.

Тој моментално е втор голман по бројот на настапи за репрезентацијата, веднаш зад Андони Зубизарета, кој има 126 настапи.Source: http://www.as.com/futbol/articulo/capitan-casillas-todo-empezo-suecia/dasftb/20061007dasdaiftb_25/Tes?print=1 Тој ги освои UEFA-CAF Мердиајан Купот и Светското првенство за јуниори со Шпанија во 1999 година. Тој беше замена на ЕУРО 2000 и Светското првенство во 2002 за одличниот Сантјаго Кањизарез. Касиљас стана прв избор во Шпанската репрезентација, кога Кањизарез се здоби со повреда на Светското првенство. Тој стана прв избор за голманското место за светското првенство на само 21 година. Тој стана херој кога фати 2 пенали против Ирска во осмина-финалето.

Касиљас играше во сите осум натпревари во квалификационата група 6 за ЕУРО 2004, примајќи само 4 гола. Исто така не прими ниту еден гол на двата натпревари во плеј-офот против Норвешка. И стартуваше во сите натпревари за Шпанија во ЕУРО 2004, и беше капитен на тимот на два натпревари.

left|thumb|175px|Касиљас(лево) ја порславува освоената титула на ЕУРО 2008. Со тоа што Раул не беше избран за ЕУРО 2008 на Касиљас му беше доделена капитенската лента за Европското првенство. Тој стартуваше во првите два натпревари во групата Д против Шведска и Русија. На третиот натпревар тој беше заменет од Пепе Реина. Касиљас одбрани два пенали од Антонио Ди Натале и Даниеле Де Роси со што Италија беше елиминирана уште во четврт-финалето, со оваа победа Шпанците го разбија малерот поврзан со 22 јуни. Шпанија подоцна победи во финалето на ЕУРО 2008 против Германија со 1-0. Касиљас не прими гол во четврт-финалето,полуфиналето и во финалето. Последниот гол што го прими на ова првенство беше во групата, а последен кој на ова првенство му даде гол на Касиљас беше Златен Ибрахимович. Од 82 настапи за Шпанската репрезентација тој без примен гол има изиграно 42 натпревари.

На 29 јуни 2008 Касиљас стана првиот голман-капитен кој го кренал трофејот од Европското првенство, со победата над Германија од 1-0.Германија 0 Шпанија 1 , Soccernet. Една од одбраните во четврт-финалето против Јужна Кореја на 2002 ФИФА Светско Првенство според ФИФА е една од најдобрите 10 одбрани во светот.FIFA Fever Centennial Anniversary (1904–2004) DVD

Касиљас беше прогласен за 4врт најдобар играч во светот според ФИФА зад Роналдо, Меси и Торес.

Статистика

Според 9 декември 2008

|1999-00||rowspan="10"|Реал Мадрид||rowspan="10"|Ла Лига||27||0||5||0||12||0||46||0 |- |2000-01||34||0||0||0||11||0||45||0 |- |2001-02||25||0||5||0||9||0||39||0 |- |2002-03||38||0||0||0||15||0||53||0 |- |2003-04||37||0||2||0||9||0||48||0 |- |2004-05||37||0||0||0||10||0||47||0 |- |2005-06||37||0||4||0||7||0||48||0 |- |2006-07||38||0||0||0||7||0||45||0 |- |2007-08||36||0||0||0||8||0||44||0 |- |2008-09||14||0||0||0||5||0||17||0 323||0||16||0||93||0||432||0 323||0||16||0||93||0||432||0

+ All-Time National Team PerformanceНационален ТимГодинаПријателскиСветски првенстваЕвропски првенстваВкупноНастапиПримени головиНастапиПримени головиНастапиПримени головиНастапиПримени голови 200033320065200132200052200241552011620031000001020046331321262005109400104200643343510122007100073832008202062102Вкупно 25 12 27 16 21 12 73 40

Награди Реал Мадрид

Ла Лига 2000-01, 2002-03, 2006-07, 2007-08 Суперкопа де Еспања: 2001, 2003, 2008. Лига на Шампиони: 1999-00, 2001-02 УЕФА Супер Куп: 2002 Интерконтинентален Куп: 2002

Интернационални УЕФА У-15 првенство (See Honours section): 1995 УЕФА У-15 Светско првенство : 1997 UEFA-CAF Меридиан Куп: 1999 Светско првенство за младинци: 1999 Европско првенство: 2008

Поединечно Награда Браво: 2000 Премио Дон Балон (најдобар млад играч во Ла Лига): 1999-00Don Balón Premio Don Balón УЕФА Тим на Годината: 2007 ЕСМ Тим на Годината: 2007-08 Трофеј Самора: 2007-08 ЕСМ Тим на Месецот: Април-Мај 2000, јануари 2001, мај 2002, Февруари-Март 2004, Октомври-Декември 2007, јануари 2008, април 2008 Тим на ЕУРО 2008

Белешки

Надворешни врски

Икер Касиљас Фудбалска архива на кариери,статистики и профили

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери во Ла Лига Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фубалери на Европско првенство 2000 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фубалери на Европско првенство 2004 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фубалери на Европско првенство 2008 Категорија:Живи луѓе