мини|десно|220п|Илустрација на „Шагринска кожа“ од 1897 година, нацртана од Адриен Моро, а издадена од George Barrie & Son
Шагринска кожа () — роман од францускиот романописец и драматург Оноре де Балзак (1799 — 1850), издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен со моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. „Шагринска кожа“ припаѓа на групата „Филозофски студии“ од Балзаковата романорека „Човечка комедија“.
Пред да биде завршена книгата, Балзак привлекол внимание, така што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второто издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна.
Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Прочуеното обрнување на детали на Балзак е искористено за опишување на коцкарница, антикварница, кралски банкет итн. Тој, исто така, вклучува и детали од неговиот живот како борбен писател, ставајќи го главниот лик во романот во живеалиште слично на тоа во кое тој живеел на почетокот на неговата книжевна кариера. Главната тема на книгата е судирот помеѓу желбата и долговечноста. Волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ. Игнорирајќи го предупредувањето на продавачот што му ја нуди кожата, протагонистот се опкружува себеси со неизмерно богатство, за да се најде себеси очаен и изнемоштен на самиот крај од книгата.
„Шагринска кожа“ цврсто го втемелува Балзак како значаен писател во Франција. Неговиот општествен круг значајно се проширил и почнал страсно да биде баран од издавачи за идни проекти. Книгата послужила како катализатор на низа писма што тој ги разменувал со полската баронеса Евелина Хањска, која подоцна станала и негова жена. Исто така ја вдахнала и операта на Гизелер Клебе, Смртоносни желби.
Заднина мини|лево|170п|Оноре де Балзак поминал десет години како неуспешен писател пред да ја напише „Шагринска кожа“.
Во 1830 година, Оноре де Балзак штотуку почнал да се здобива со препознатливост како писател. Иако неговите родители го убедувале да се занимава со право, тој сакал да стане писател и некаде во 1819 година конечно се одлучил. Неговата мајка била многу вознемирена кога слушнала за неговата одлука, но сепак таа и неговиот татко решиле да му дадат малку пари, под услов целосно да се посвети на пишувањето и да им дава половина од заработката за секое негово издадено дело.Robb, стр. 52–53; Gerson, стр. 29; Maurois, стр. 51–54. The amount he received from his parents is disputed; Gerson says it was 750 francs per year; Maurois indicates 1500. Robb writes that his parents supported his new career "quite generously". Откако се преселил во мала соба блиску Библиотеката на Арсеналот во Париз, Балзак напорно пишувал една година, но без успех. Исфрустриран, се вратил кај своите родители и почнал да позајмува пари од нив за да може да продолжи понатаму со пишувањето. Следните неколку години ги поминал во пишување на нискоквалитетни романи, кој ги издавал под мноштво псевдоними. Дел од заработката од тие романи ја споделувал со своите родители, но сепак во 1828 година тој сè уште им должел педесет илјади франци.Maurois, стр. 72–128; Gerson, стр. 52–83.
Балзак за првпат објавил книга под свое име во 1829 година. Шуани, роман за ројалистичките сили во Бретања, не постигнал голем комерцијален успех, но од друга страна го направил Балзак доста познат во литературните кругови.Gerson, стр. 90–92; Maurois, стр. 142–144. Подоцна, истата година со издавањето на Физиологијата на бракот (La Physiologie du mariage), расправа за бракот како институција, се здобил со голем успех. Поткрепен од популарноста, си ја потврдил славата со издавање мноштво раскази и есеи во списанијата Реви де Пари (Revue de Paris), Ла карикатир (La Caricature) и Ла мод (La Mode). Со ова се здобил и со добри врски во издавачката индустрија кои подоцна му овозможиле добри критики за неговите романи.Robb, стр. 162–167; Gerson, стр. 92; Maurois, стр. 155–156; Bellos, стр. 5–6.
Во тоа време, француската литература, склона на фантастични приказни, била разбранувана со преводот на т.н. колекција „Фантастични приказни“ на германскиот писател Ернест Теодор Вилхелм Хофман, во 1829 година; готската фикција на англиската писателка Ен Редклиф; и со романот „Мртвото магаре и гилотираната жена“ од 1829 година на францускиот автор Жил Жанен.Bertault, стр. 59–60; Pritchett, стр. 108. Иако планирал роман во истата традиција, Балзак го презирал терминот „фантастичен“, нарекувајќи го „вулгарен термин“.
Во меѓувреме, политиката и културата во Франција, биле во пресврт. По пет години владеење, кралот Шарл X бил присилен да го напушти престолот поради Јулската револуција во 1830 година. На неговото место бил ставен Луј Филип, кој се именувал себеси како „Крал на Французите“ (за разлика од вообичаеното „Крал на Франција“) во обид да се оддалечи од аристократскиот систем. Јулската монархија донела окоп од буржоаски односи и ставови, каде Балзак видел неорганизираност и слабо водство.Robb, стр. 177–178; Gerson, стр. 98–99; Maurois, стр. 192–193.
Пишување и издавање мини|десно|180п|Објавената книга на Балзак во парискиот весник Ла карикатир (La Caricature).
Насловот „Шагринска кожа“ првпат се појавил на печат на 9 декември 1830 година, со мало споменување во една статија која Балзак ја пишувал за Ла карикатир (La Caricature) под псевдонимот Алфред Кодро. Неговиот албум ја вклучува следнава белешка, веројатно напишана во исто време: „Изумот на кожа која претставува живот. Источна приказна.“ („L'invention d'une peau qui représente la vie. Conte oriental.“)Millott, стр. 68. Една недела подоцна, тој издал приказна-фрагмент наречена „Последниот Наполеон“ („Le Dernier Napoléon“) во Ла карикатир (La Caricature), под името „Анри Б...“. Во неа, млад човек ја губи својата последна монета „наполеонка“ во париска коцкарска куќа и решава да оди на мостот Пон роајал и да се фрли од него. Во тоа време, Балзак не размислувал многу околу својот проект. Тој го нарекувал „парче темелна бесмислица во литературен смисла, но во која се обидувам да ги претставам моменталните случувања во овој тежок живот низ кој еден генијалец поминува без да постигне нешто“.Quoted in Maurois, стр. 174. По долго размислување, неговото мислење за приказната се подобрило.
До јануари 1831 година Балзак успеал да привлече доволно интерес за неговата идеја и си обезбедил договор со издавачите Шарл Госелин и Урбен Канел. Тие се согласиле за 750 примероци во октаво издание, со исплата од 1.125 франци за авторот дури кога ќе го примат ракописот – со рок, не подоцна од средината на февруари. Балзак го предал романот во јули.Millott, стр. 68–69; Robb, стр. 179; Gerson, стр. 103; Maurois, стр. 175. The exact amount of the fee is disputed: Millott and Robb list 1,125 francs; Maurois lists 1,135; and Gerson writes: "Canel paid him an advance royalty of two thousand francs for the work".
мини|лево|170п|Пријателката на Балзак, Жорж Санд, била меѓу првите неколкумина кои можеле да ја прочитаат книгата пред да биде довршена.
За време на овие месеци на преработка на романот, Балзак дозволил неколку погледи на книгата. Два додатни фрагменти се појавиле во мај, како дел од планот да се промовира книгата пред издавањето. „Разврат“ („Une Débauche“), издаден во Реви де де монд (Revue des deux mondes), опишува голема гозба која прикажува постојано шегување и разговор од буржоаски гости. Вториот фрагмент, „Самоубиството на еден поет“ („Le Suicide d'un poète“), бил прикажан во Реви де Пари (Revue de Paris). Во него се објаснува за тоа дали некој сè уште би бил поет ако постојано се обидува да си надомести за недостатокот на средства. Иако фрагментите не биле поврзани во една врзана сторија, Балзак изведувал ликови и сцени од неговиот роман во изработка.Millott, стр. 69–71.
Постојаното одложување на издавањето на книгата било резултат на активниот општествен живот на Балзак. Тој поминал многу ноќи вечерајќи во куќите на своите пријатели, вклучувајќи го романописецот Ежен Си и неговата љубовница Олимпија Пелисје, како и кај феминистичката писателка Жорж Санд и нејзиниот љубовник Жил Сандо. Балзак и Пелисје имале мала афера и таа станува неговата прва љубовница со која излегол во јавност. На крајот се иселил од Париз престојувајќи со пријателите во предградијата, каде се присилил да ја заврши започнатата работа. Во доцната пролет тој ѝ дозволил на Санд да го прочита речиси готовиот ракопис. Таа уживала во читањето и предвидела дека книгата ќе постигне успех.Gerson, стр. 103–104; Maurois, стр. 175–176.
Конечно, во август 1831 година, „Шагринска кожа: филозофска приказна“ (La Peau de chagrin: Conte philosophique) била издадена во два дела. Тоа било рекламен успех и Балзак ги искористил своите врски во светот на парижаните за да биде широко разгледувана и критикувана. Книгата брзо се распродала и до крајот на месецот бил потпишан уште еден договор: Балзак ќе добие 4.000 франци ако продаде 1.200 дополнителни примероци. Ова второ издание вклучува серија од 12 други приказни со фантастични елементи и било издадено под насловот „Филозофски романи и приказни“ (Romans et contes philosophiques). Трето издание, распределено во 4 дела, се појавило во март 1833 година.Millott, стр. 70–71; Maurois, стр. 180–181.
Содржина „Шагринска кожа“ содржи три поглавја: „Амајлија“ („Le Talisman“), „Бездушна жена“ („La Femme sans cœur“) и „Агонија“ („L’Agonie“). Првото издание содржи предговор и „Моралност“ („Moralité“) кои се отстранети во понатамошните изданија,name="mill6971" а по последното поглавје се наоѓа епилогот.
мини|десно|180п|Арапски натпис кој се наоѓа на шагренот и кажува дека сопственикот ќе ги „поседува сите нешта“.The full translation is as follows: «Possessing me thou shalt possess all things. / But thy life is mine, for God has so willed it. / Wish, and thy wishes shall be fulfilled; / but measure thy desires, according / to the life that is in thee. / This is thy life, / with each wish I must shrink / even as thy own days. / Wilt thou have me? Take me. / God will hearken unto thee. / So be it!» Balzac, стр. 30. («Amen» May be a more accurate translation of the final line.)
„Амајлија“ започнува со заплетот од „Последниот Наполеон“: младо момче по име Рафаел де Валентин ги вложува своите последни пари и по нивното губење решава да си го одземе животот, фрлајќи се во реката Сена. Но по патот, решава да влезе во една несекојдневна продавница исполнета со интересни работи од целиот свет. Продавачот, постар човек, му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Старецот кажува дека на кожата има „ориенталски“ натпис, за кој старецот вели дека е „санскрит“, но всушност е арапски.Todd, Jane Marie. «Balzac’s Shaggy Dog Story». Comparative Literature. 44.3 (Summer 1992): 268—279. Старецот тврди дека кожата ја исполнува секоја желба на нејзиниот сопственик, намалувајќи се со секое исполнување. Рафаел не слушајќи го предупредувањето на старецот веднаш ја зема кожата и посакува да се најде на кралски банкет исполнет со вино, жени и пријатели. Во истиот момент неколку негови познаници и пријатели го повикуваат на забава и тие поминуваат часови во јадење, пиење и зборување.Оноре Де Балзак, Шагринска кожа. Скопје: Конгресен сервисен центар, Макавеј; Битола: Микена, 2015, стр. 7-66.