Рак (медицински термин: злоќудна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, и понекогаш појава на метастази, кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три злоќудни својства го одвојуваат ракот од доброќудните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат.

Класификација Видовите на рак се класифицираат според видот на клетки кои наликуваат на тумор, и според тоа, на ткивото за кое се претпоставува дека е зачеток на туморот. Подолу е хистологијата и местоположбата на видовите рак. Примери за неколку општи категории се: Карцином: Злоќудни тумори кои потекнуваат од епителни клетки. Во оваа група припаѓаат најчестите видови на рак, вклучувајќи ги ракот на дојката, простатата, белите дробови и дебелото црево. Сарком: Злоќудни тумори кои потекнуваат од сврзните ткива, или мезенхималните клетки. Лимфом и леукемија: Злоќудноми кои потекнуваат од хематопоетските (крвотворните) клетки Бактериски рак: Тумори кои потекнуваат од тотипотентните клетки. Кај возрасните најчесто може да се најде во тестисите и јајчниците, додека кај фетусите, бебињата и малите деца најчесто се наоѓаат во средишниот дел на телото, на врвот на опашната коска, а кај коњите во основата на черепот. Бластен тумор или бластом: Тумор (обично малигнен) кој наликува на незрело или ембрионско ткиво. Овие тумори се најчести кај децата.

Злоќудните тумори (видови рак) обично се именуваат користејќи –карцином, -сарком или –бластом како наставка, и латинскиот или грчкиот збор за органот од кој потекнуваат како корен на името. На пример, ракот на црниот дроб се нарекува хепатокарцином, ракот на масните клетки- липосарком итн. Доброќудните тумори (кои не се рак) се именуваат користејќи –ом како наставка, и името на органот како корен. На пример, бенигнен тумор на мазната мускулатура на матката се нарекува леиомиом (почест израз за овој вид тумор е фиброид). За жал, и некои видови рак ја користат наставката –ом, како што е случајот со меланом и семином.

Знаци и симптоми

Симптомите на рак можеме грубо да ги поделиме во три групи: Локални симптоми: невообичаени грутки или отекувања (тумори), крвавење, болка и/или улцерација. Притискањето на околните ткива може да предизвика симптоми како жолтица (пожолтување на очите и кожата). Симптоми на метастаза (ширење): зголемени лимфни јазли, кашлица и хепатомегалија (зголемен црн дроб), болка во коските, кршливост на заразените коски и невролошки симптоми. Иако ракот во напредна фаза може да предизвика болка, таа најчесто не е првиот симптом. Системски симптоми: губење на тежина, слаб апетит, исцрпеност, кахексија, прекумерно потење, анемија (слабокрвност) и специфични паранеопластични феномени, т.е. специфични услови кои се должат на активниот рак, како тромбоза или хормонални промени. Секој симптом од горенаведените може да биде предизвикан од различни услови (листа која се нарекува диференцијална дијагноза). Ракот може, но не мора да биде заедничка за причина за секој од нив.

Причини Видовите на рак пред се, се болест на животната средина, со 90-95% од случаите кои се должат на начинот на живот и факторите на животната средина и 5-10% кои се должат на генетиката. Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20%) се: тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност, и загадувачите на животната средина. Хемикалии Патогенезата на ракот може да се следи назад до мутациите во ДНК-та кои влијаат на растот на клетките и метастазите. Супстанциите кои ги предизвикуваат овие мутации се познати како мутагени, а мутагените што предизвикуваат рак се познати како канцерогени. Посебни супстанции се поврзуваат со посебни видови на рак. Пушењето е поврзано со неколку форми на ракот, и е причинител на 90% на рак на бели дробови. Долгото изложување на азбестни влакна е поврзано со појава на мезотелиом. Многу мутагени се и канцерогени, но некои канцерогени не се мутагени. Алкохолот е пример за хемиски канцероген што не е мутаген. Вакви хемикалии можат да го поттикнат ракот со стимулација на стапката на клеточна делба. Поголема стапка на репликација, остава помалку време за репараторните ензими да ја поправат оштетената ДНК за време на репликацијата, со што се зголемува можноста за мутација. Децении на истражување ја покажаа врската меѓу пушењето и ракот на белите дробови, грлото, главата, вратот, стомакот, мочниот меур, бубрезите, хранопроводот и панкреасот. Чадот од цигарите содржи преку 50 познати канцерогени, вклучувајќи ги нитрозамините и полицикличните ароматични јаглеводороди. Тутунот е одговорен за еден од три смртни случаи предизвикани од рак во развиените земји, и еден од пет смртни случаи во целиот свет. И навистина, ракот на белите дробови во Соединетите Американски Држави е пропорционален на пушачките навики, кои се зголемиле и со тоа стапката на ракот на бели дробови драматично се покачила, а од понеодамна се намалиле и со тоа се намалила и смртноста од овој вид на рак. Сепак, бројот на пушачи во светот се` уште расте, водејќи до состојба која некои од организациите ја опишуваат како „тутунска епидемија“. 2-20% од случаите се претставени со рак поврзан со работното место, професијата. Секоја година, најмалку 200 илјади луѓе ширум светот умираат од рак поврзан со нивното работно место. Милиони работници имаат ризик да заболат од рак, како рак на белите дробови или мезотелиом, што се добива при вдишување азбестни влакна и чад од цигари, или леукемија, ако на нивните работни места се изложени на бензен. Во моментов, најголем број на смртни случаи од рак поврзан со работното место се случуваат во развиениот свет. Според пресметките, секоја година во Соединетите Американски Држави има околу 20 илјади смртни случаи од рак и 40 илјади нови заболени.

Зрачење Рак можат да предизвикаат и извори на јонизирачко зрачење, како на пример гасот радон. Долготрајното изложување на ултравиолетово зрачење од сонцето може да доведе до појава на меланом и други злоќуднитети на кожата. Според еден извештај, околу 29 илјади на идни случаи на заболувања од рак ќе бидат последица од 70 милиони компјутеризирани томографии извршени во Соединетите Американски Држави. Проценето е дека 0,4 % од сегашните заболувања од рак во САД се должат на компјутеризирани томографии извршени во минатото и дека овој процент може да се зголеми и до 1,5-2% според стапката на користење на овие скенирања. Нејонизирачко радиочестотно зрачење од мобилните телефони и другите слични уреди кои користат радиофреквенции е исто така наведено како причинител на рак, но сè уште нема доволно докази да се поткрепи оваа теза. Инфекција Некои видови на рак можат да се предизвикани од инфекција. Ова најчесто се случува кај животните, како на пример птиците, но исто така и кај луѓето, а вирусите се причинители на дури 20% од сите заболувања од рак ширум светот. Тука се вбројуваат човечкиот папилома вирус (карцином на грлото на матката, односно цервикален карцином), човечкиот полиома вирус (мезотелиом, тумори на мозокот), Епштајн-Бар вирусот (лимфопролиферативна болест на Б-клетките и назофарингеалниот карцином), Капошиевиот сарком херпес-вирус (Карпошиев сарком и примарен излив на лимфоми), вируси на хепатит Б и хепатит Ц (хепатоцелуларен карцином) и човечкиот вирус-1 на леукемија на Т-клетките (леукемија на Т-клетките). Ризикот за заболување од рак може да се зголеми и заради бактериска инфекција, како што е примерот на бактеријата Heliobacter pylori, што го предизвикува карциномот на желудник. Според експериментални и епидемиолошки податоци, вирусите имаат улога на предизвикувач, и со тоа се вториот најзначаен фактор на ризик од развивање на ракот кај луѓето, надминат само од употребата на тутун. Можеме да разликуваме два вида тумори предизвикани од вирус: едните се трансформираат акутно, а другите се трансформираат полека. Кај вирусите што се трансформираат акутно, вирусот носи хиперактивен онкоген, наречен вирусен онкоген, и заразената клетка се преобразува во истиот момент кога се пројавува вирусот. За разлика од овој вид, кај вирусите што полека се трансформираат, вирусниот геном се внесува близу праонкоген во геномот-домаќин. Потоа, вирусниот катализатор или други елементи за управување со пренесувањето предизвикуваат преголема активност на тој праонкоген. Ова пак, предизвикува неконтролирана делба на клетките. Заради тоа што местото на вметнување не е специфично за праонкогените и шансата за вметнување во близина на праонкогените е мала, вирусите што полека се трансформираат предизвикуваат тумори долг временски период по инфекцијата отколку вирусите што акутно се трансформираат. Вирусите на хепатит, вклучувајќи ги хепатитот Б и хепатитот Ц можат да предизвикаат хронична вирусна инфекција што на годишно ниво, кај 0,47% од пациентите заболени од хепатит Б доведува до рак на црниот дроб (особено во Азија, а помалку во Северна Америка), и кај 1,4% од заболените од хепатит Ц. Цирозата на црниот дроб, без разлика дали потекнува од хроничен вирусен хепатит или алкохолизам, е тесно поврзана со развивањето на рак на црниот дроб, и комбинацијата од цироза и вирусен хепатит претставува најголем ризик за развивање на рак на црниот дроб. Во светски рамки, ракот на црниот дроб е еден од најраспространетите и најсмртоносните видови рак, што се должи на лесната преносливост на вирусниот хепатит и болестите. Напредокот во истражувањето на ракот доведе до пронаоѓање на вакцина, наменета да го спречи ракот. Во 2006 година, Администрацијата за Прехрана и Лекови во Соединетите Американски Држави одобри вакцина за човечкиот папиломавирус (ХПВ) наречена Гардасил. Вакцината штити од 6,11,16,18 соеви на човечкиот папиломавирус, кои заедно се причината за 70% од случаите на рак на матката и 90% од случаите на генитални брадавици. Во март 2007-ма година, Советодавниот Комитет за имунизациски практики при Американскиот Центар за контрола на болести и превенција официјално препорача вакцината да ја примат жени на возраст од 11-12 години, и воочи на фактот дека жени од 9-26 години се исто така кандидати за имунизација. Постои и втора вакцина од Церварикс, која штити само од поопасните соеви 16,18 на човечкиот папилома вирус. Во 2009 година, вакцината Гардасил беше одобрена за заштита од аналниот рак кај мажите, и рецензентите изјавија дека не постојат анатомски, хистолошки или психолошки разлики на правото црево, и затоа и жените ќе бидат заштитени. Во прилог на вирусите, истражувачите забележаа врска помеѓу бактериите и одредени вируси. Најистакнат пример е врската помеѓу хроничната инфекција на стомачниот ѕид предизвикана од бактеријата Heliobacter pylori и ракот на желудник. Иако само во малкумина кои ја имаат оваа инфекција од Heliobacter бактеријата ќе се развие рак, бидејќи оваа патогена бактерија е доста честа таа е веројатно причината за повеќето од овие ракови. ХИВ-вирусот е поврзан со голем број злоќуднитети, вклучувајќи го и капошиевиот сарком, не-хоџкиновиот лимфом, и злоќуднитети поврзани со човечкиот папилома вирус како аналниот рак и ракот на матката. Болестите што ја дефинираат СИДА-та долго време ја имале оваа дијагноза. Зголемената стапка на појавување на злоќуднитети кај ХИВ пациентите укажува на рушење на имунолошкиот надзор како можна етиологија на ракот. И некои други состојби на имунолошки дефицит (на пример, променливата имунодефициенција) се исто така поврзани со зголемен ризик од злоќуднитет. Наследност Повеќето форми на рак се спорадични, што значи дека нема наследена причина за појава на ракот. Сепак, постојат неколку препознатливи синдроми каде што има наследна склоност кон рак, која често се должи на дефект во генот што штити од формирање на тумори. Познати примери се:

Одредени наследени мутации во гените BRCA1 и BRCA2 се поврзани со зголемен ризик за рак на дојка и рак на јајниците