Маслинова Гора — рид кој се наоѓа на 1 км источно во Ерусалим, Израел. Според Библијата, ова е местото каде Давид побегнал од Авесалом, место каде се наоѓа и гробот на Авесалом. На оваа планина се наоѓа Гетсиманската Градина, место каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер, пред да биде издаден од Јуда Искариотски.

Тука исус ја одржал познатата беседа на Маслиновата Гора каде раскажува за неговото Второ пришествие (доаѓање).

Галерија

Поврзано Беседа на Маслиновата Гора

Надворешни врски

Категорија:Планини во Ерусалим Категорија:Христијанството во Ерусалим Категорија:Јудаизам во Ерусалим