Христо Силјанов (24 мај 1880 - 26 септември 1939) — македонскиВиктор Цветаноски, "Дорасветлување на македонската стогодишна потрага по себеси" , "Утрински весник", број 1232, 30 јули 2003.Виктор Цветаноски, "Книгата на Силјанов "филмско сценарио" за илинденската епопеја" , "Утрински весник", број 1143, 12 април 2003.Виктор Цветаноски, "Илинден раскажан од Силјанов е поголем, повеличествен и подостоен" , "Утрински весник", број 1163, 10 мај 2003.Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество (9)", Христо Силјанов ја раскажа драмата за Илинден, "Утрински весник", број 2865, четврток, 18 декември 2008. револуционер, историчар и деец на ВМОРО. Бил истакнат новинар и публицист во Бугарија.Христо Силянов, "Писма и изповеди...", "Български писател", София, 1984, "Спомени от Странджа (Бележки по Преображенското въстание в Одринско - 1903 г.)", глава 12 Гърците под въстаническа власт, стр. 322-323, и От Витоша до Грамос. Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., глава LIV Прощаване, стр. 591-593.
Животопис Роден во Цариград, во семејството на Иван Силјанов од Охрид. Учел во Цариград и Солун, а потоа во гимназијата во Битола, во која како ученик се зачленил во ВМОРО. По завршувањето бил учител во Прилеп, каде во периодот 1899 до 1900 г. бил член на обласниот револуционерен комитет. По 1900 г. бил егзархиски учител во Лерин, а од 1902 влегол во редовите на илегалните револуционерни чети под водството на Марко Лерински. Ги познавал Гоце Делчев, Даме Груев и сите големи револуционери. Во 1903 г. учествувал во Преображенското востание во Одринска Тракија. По востанието завршил историски науки во Софискиот универзитет и специјализирал во Швајцарија. За време на Балканските војни се вратил во Македонија како комита во реонот на Костур.
По Првата светска војна се иселил во Софија, каде бил еминентен новинар и публицист, член на Друштвото на бугарските новинари, а исто така член и подоцна потпретседател на Македонскиот научен институт. Неговите наjзначаjни дела како историчар се книгите посветени на македонското револуционерно движење. Напишал високо ценето истражување „Ослободителните борби на Македонија“ по барање на Илинденската организација во Софија. Првиот том излегол во 1933 г., а вториот четири години по неговата смрт, во 1943 година.
Татко е на познатиот дипломат и новинар во Бугарија Евгениј Силјанов (1907-1997).Ирина Недева, "Мисия Париж: Разговори с Евгений Силянов" , Издателство СемаРШ, София, 2007.
Објавени книги "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. Зборник "Писма и изповеди на един четник", Македонски научен иститут, София, 1927; "Спомени от Странджа (Бележки по Преображенското въстание в Одринско - 1903 г.)", Книгоиздателство „Хемус”, София, 1934 г.; "От Витоша до Грамос (Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г.)", издание на Костурското благотворително братство — София, 1920. Христо Силјанов, "Ослободителните борби на Македонија", том I, „Култура“, Скопjе, 2003. "От Витоша до Грамос", издание на Костурското благотворително братство — Софија, 1920 г.
Наводи
Категорија:Македонски историчари Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски слободни ѕидари Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Македонски општественици